Поучни приказни

Не заборавајте кои сте

22 март, 09:44

Една слепа девојка била многу тажна бидејќи не можела да го види светот, а единствена радост ѝ била љубовта на нејзиното момче кое постојано било со неа.

Девојката му рекла дека кога би можела само за миг да го види светот, веднаш би се омажила за него.

Еден ден, некој ѝ подарил очи, па девојката прогледала.

 

Го видела светот, а потоа и своето момче. Кога видела дека момчето е слепо, одбила да се омажи за него.

Момчето ѝ оставило кратка порака за збогум во која пишувало само: „Добро грижи се за моите очи, драга моја”.

Малкумина од нас имаат доблест да останат свои и да не заборават кој бил покрај нив во најтешките мигови.

Останатите забораваат, па кога животот ќе им тргне на добро, се менуваат и не погледнуваат зад себе.

Не заборавајте кои сте и од каде доаѓате, зошто животот е тркало и никогаш не се знае каде ќе застане.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2484 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2017 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус