Поучни приказни

Од затвор му помогна на својот татко

30 јуни, 07:00

Стар човек, по потекло од Италија, а живеел во Њу Џерси уште пред многу години започнал да одгледува домати под пластеник. Но, како што изминувала секоја година чувствувал дека ја губи силата за работа. Поради неможноста повторно да ја ископа земјата и да засади домати, се чувствувал тажно и разочаран од себеси. Неговиот единствен син бил во затвор, немал од кого да побара помош. Сакајќи да му се довери на својот син за неговиот проблем му испратил писмо во затворот:

„Мил мој Винсент, се чувствувам тажно бидејќи оваа година не ќе можам да посадам домати под пластеник. Стар сум за да ја ископам тешката земја. Знам дека, ако не беше во затвор ќе ми помогнеше. Ќе бев среќен да можеше да ми помогнеш да ја ископам земјата, како во старите денови. Те сакам, твојот татко.“

После неколку дена старецот добил писмо од својот син: 

„Мил мој татко, немој да ја копаш градината. Таму се закопани телата на убиените. Те сакам, Винсент.“

Во 4 часот следното утро агенти на ФБИ и локалната полиција пристигнале во неговата градина и ја прекопале целата градина барајќи ги телата на убиените. Но, немало ништо. Заради лажната информација му се извиниле на старецот и си заминале. Истиот ден старецот примил уште едно писмо од својот син:

„Мил мој татко, сега ќе можеш да ги засадиш доматите во твојата градина. Само тоа можев да направам за тебе во овие услови. Те сакам, Винсент.“


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2642 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус