Поучни приказни

Она што поминало нека остане во минатото

23 февруари, 06:48

Двајца монаси кои долго време не го напуштале манастирот еден ден се упатиле кон градот да набават храна.
Кога стигнале до реката забележале млада жена која им се израдувала. Жената не можела да ја преплива надојдената река, па на монасите гледала како на одговор на своите молитви. Им кажала дека мора да оди во градот по млеко за своите деца и ги замолила за помош. Стариот монах ја качил на грбот и ја пренел до половина река. Кога силата го напуштила, му рекол на младиот монах да ѝ помогне.
Ја поминале реката, жената си заминала, а монасите продолжиле кон градот. Младиот монах бил многу лут и постојано му велел на својот пријател: „Брате, го прекршивме заветот, допревме жена, не сме повеќе чисти во очите Божји, зошто ме примора да ја носам таа жена?” Иако прашал повеќе пати, стариот монах мудро молчел.
Поминале неколку часа, а младиот монах постојано зборувал за гревот кој го направиле. Кога проговорил, стариот монах кажал само неколку збора, а сепак кажал толку многу: „Брате, јас таа жена ја симнав од грбот пред неколку часа, зошто ти сè уште ја носиш?”

Нашиот ум честопати нè контролира и ни ги насочува мислите кон она што поминало, па притоа забораваме дека има многу поважни нешта на кои треба да мислиме и да им посветиме внимание. Додека жалиме за она што сме направиле, животот прелетува покрај нас. На она што поминало местото му е во минатото. Можеме да се сеќаваме на него, но не и да дозволиме да ни ги окупира мислите и да господари со нас.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1724 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

7 Декември

7 Декември
Во 1914 година во Европа, започнала Првата светска војна, позната во историјата уште и како Големата војна и Војната на нациите. Во бојните полиња кои ги имало насекаде низ Европа, биле мобилизирани н
© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус