Поучни приказни

Приказната за петте ѕвона

23 мај, 00:04

Некогаш постоел ресторан кој се викал „Сребрена ѕвезда”. 
Сопственикот на ресторанот никако не можел да поврзи крај со крај, иако направил сѐ што е во негова моќ за да ги привлекува муштериите. 
Ресторанот бил многу пријатно место, услугата била љубезна и гостопримлива, а цените биле доста пристојни. 
Но и покрај сѐ што правел, сопственикот не можел да се изначуди зошто толку лошо му оди со ресторанот. Очаен и нерасположен на крајот решил да оди кај селскиот мудрец и да побара совет.
Откако мудрецот ја слушнал неговата тажна приказна му рекол:

„Работата е многу едноставна. Сѐ што треба да направиш е да го промениш името на ресторанот и ништо друго.”

„Тоа не е можно” - одговорил сопственикот на ресторанот. „Години наназад, генерации и генерации ресторанот се вика „Сребрена ѕвезда” и насекаде по околниов регион е познат токму под тоа име.”

„Не” - остро извикал мудрецот, „вака ќе направиш - ресторанот ќе мораш да го преименуваш во „Пет ѕвона”, а над влезната врата ќе обесиш шест ѕвона.”

„Шест ѕвона? Па тоа е малку глупаво. Не гледам зошто би се согласил со твојот предлог.”

„Пробај и ќе видиш што ќе се случи” - рекол мудрецот и почнал да се смешка.

Сопственикот одлучил да го послуша и направил како што го посоветувал мудрецот.

Уште наредното утро на негово големо изненадување забележал дека секој посетител на местото кој поминувал покрај ресторанот влегувал во него за да му каже на сопственикот дека има забуна со бројот на ѕвоната и името на ресторанот. Потоа откако ќе влезел во ресторанот понесен од пријатната атмосфера и гостопримливоста на вработените останувал на пијалак или си порачувал оброк. 
На тој начин сопственикот и вработените почнале да заработуваат по некоја паричка, кои долги години наназад не можеле да ги заработат.

Некогаш за да успееме треба само да го промениме пристапот кон нештата. На тој начин работите ќе почнат поинаку да функционираат.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2458 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус