Поучни приказни

Сок од портокал

07 јули, 07:43

Еден познат и докажан професор држел предавање на факултет. 
После воведниот говор зел еден портокал во неговата рака и ги прашал студентите:

 „Што ќе се случи со портокалот, што ќе излезе од него, ако силно го стиснам со моите раце?”

Една млада студентка која седела во првиот ред од амфитеатарот рекла:

 „Какво прашање е ова професоре? Се знае што ќе излезе од портокалот, од него може да излезе само неговиот сок и ништо друго, бидејќи сокот е во него.”

Професорот рекол:

„Точно. Тоа е и одговорот на моето прашање. Од портокалот ќе излезе само сокот од портокал бидејќи тој е внатре во него. Но сега ако ја прошириме сликата за нештата околу нас, за самите себе, ајде да замислиме дека некој може нас да не притисне како што ние можеме да го притиснеме овој портокал. Да замислиме дека нас можат да не притиснат нашите проблеми, грижи, стравови, оговарањето за нас, навредите, болката и слично. И да замислиме дека од нас може да излезе бесот, омразата, презирот, стравот, лутењето, злобата и т.н. 
Сите би рекле дека тоа излегува од нас бидејќи некој ни рекол ова или она, но вистината е дека од нас излегува сѐ она што всушност ние самите го носиме во нашата душа, во себе. 
Запомнете, ако некој вас ве „притисни”, од вас секогаш ќе излезе она што е во вас и ништо друго.

Од портокалот никогаш нема да излезе сок од јаболко. 
Истото ова важи и за вас, од вас не може да излезе нешто што не е во вас.”


Во животот секогаш доаѓаат и ќе доаѓаат ситуации во кои ќе бидеме под некаков притисок. Она што треба ние да го направиме е да не подлегнуваме на тие притисоци, секогаш да бидеме смирени и да го најдеме најдоброто решение за таквите ситуации, да внимаваме никого да не навредиме и повредиме, да бидеме присебни и мудри и мудро да одговориме на притисоците.


Секогаш треба да внимаваме на нашите дела и на нашите зборови. Треба да имаме на ум дека устата го изговара она што срцето го чувствува. 
Некогаш се криеме зад нашите зборови, лажно ги кажуваме и ги претставуваме нештата, но вистината секогаш излегува на виделина, па затоа без разлика на крајниот резултат, срцето секогаш треба да е победник. 
Следете ги вашите чувства и внимавајте на вашите зборови, одберете ги оние вистинските кои треба да се изговорат во одреден момент, бидејќи направените дела се забораваат, но острите зборови упатени кон некого остануваат длабоко врежани во душата и срцето.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2799 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус