Поучни приказни

Совршена жена

25 март, 11:16

Студенти почнале да го прашуваат нивниот професор:
„Професоре, вие сте толку мудри и искрени. Сите ве почитуваат, ве обожаваат и сакаат да ги стекнат вашите квалитети. Но сепак сите нас не интересира една работа а таа е зошто сѐ уште не сте оженет?”

Професорот изненаден од прашањето, на почетокот се мислел дали да им одговори, но полека почнал да се отвора пред студентите и им го дал следниот одговор:

„Видете, јас секогаш барав Совршена Жена!!!

Во таа потрага пропатував низ многу земји. 
Еднаш многу сакав една преубава девојка. Беше неверојатно убава. Ниту едно момче не можеше да ѝ одолее на нејзината убавина. Но за жал нејзината душа не беше исто толку убава како нејзиниот изглед, па затоа после кратко време се разделивме.

После тоа сретнав уште една млада девојка. Таа беше и убава и паметна и образована. Но за жал карактерите ни беа сосема различни и моравме да ја прекинеме нашата врска.
Од тогаш па наваму сретнував многу убави жени, но сѐ уште трагав по мојата Совршена Жена.

„И што се случило понатаму, зарем никогаш не ја сретнавте вашата Совршена Жена?” - љубезно прашаа студентите.

„Да, ја сретнав. Еден ден се појави баш таква жена за каква што со години сонував. 
Совршена Жена - паметна, убава, волшебна, духовна, елегантна, добра ... едноставно кажано СОВРШЕНА!

„И тогаш се оженивте со неа, така?” - воодушевени и нестрпливо прашаа студентите.
 
„Не! На мое големо разочарување излезе дека таа го бара нејзиниот СОВРШЕН МАЖ!!!


Голем дел од нас бараат од другите да бидат совршени во секој поглед, при тоа заборавајќи дека и тие самите не се толку многу совршени. 
За да успееме во нашата потрага, треба прво да поработиме на нас самите, да стекнуваме нови вештини и знаења, да се надградуваме како личности, да стануваме подобри луѓе па дури после тоа да почнеме кај другите луѓе да ги бараме сите овие квалитети. 
Животот е еден и е многу краток, затоа треба многу паметно и мудро да го искористиме
.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3002 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус