Поучни приказни

Што е ништо, а што е сè?

24 мај, 08:23

Еден ден жената побарала нејзиниот маж да ѝ купи чешел за да ја исчешла својата коса.

Мажот чувствувајќи жал ѝ одговорил дека не може, притоа објаснувајќи ѝ дека нема доволно пари ни да го поправи каивчето од неговиот часовник кое се расипало.

Таа не инсистирала.

Наредниот ден,  кога мажот заминал  на работа поминал покрај продавница за часовници, го продал оштетениот часовник по многу ниска цена и заминал да купи чешел за својата жена.

Вечерта кога дошол дома го држел чешелот во својата рака за да ѝ го даде, но се изненадил кога видел дека таа ја скратила својата коса.

Таа ја продала својата коса и со парите му купила нов часовник.

Кога двајцата се погледнле солзи течеле од нивните очи, но не заради залудноста на нивните постапки, туку заради нивната взаемна љубов.

Поука: Љубовта е ништо, да бидеш сакан е нешто, но да бидеш сакан и да ја сакаш личноста што те сака е сè.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2664 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

7 Декември

7 Декември
Во 1914 година во Европа, започнала Првата светска војна, позната во историјата уште и како Големата војна и Војната на нациите. Во бојните полиња кои ги имало насекаде низ Европа, биле мобилизирани н
© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус