Поучни приказни

Што ни прави стравот

29 март, 00:35

На чело на некоја земја во која владеела долгогодишна и тешка војна, бил поставен многу лош, суров и строг крал.

На заробениците кои биле од непријателската војска, кралот им нудел две опции од кои можат да изберат. Ги затворал во една голема просторија во која на едната страна имало чета стрелци, а на другата страна имало врата која била прекриена со безживотни тела од поранешни затвореници. 

Кралот на сите затвореници им велел: „Можете да одберете: да умрете, така што ќе бидете избодени со стрелите од моите стрелци, или пак да поминете низ оваа врата и да останете во неа затворени засекогаш”.

Затворениците секогаш одбирале да бидат стрелани за побрзо да завршат нивните маки, бидејќи не знаеле што може да им се случи ако како опција ја изберат другата врата зад која не знаеле што има.

Кога завршила војната, еден храбар војник, кој многу долго и чесно му служел на кралот, го запрашал што има зад вратата која ниту еден затвореник не се осудувал да ја одбере како опција.

„Отвори ја самиот вратата и погледни” - му рекол кралот.

Војникот одвај некако собрал храброст и со тешки маки ја отворил вратата. Тогаш, токму во мигот кога ја отворил, го огреал топол сончев зрак по лицето кој од светлината му ги затворил очите. Кога успеал да ги отвори очите, толку многу се изненадил, бидејќи се уверил дека таа врата, од која се плашеле сите затвореници водела кон СЛОБОДА !!!

Војникот со неверување му рекол на кралот: „Секогаш на затворениците сте им давале можност да избегаат и да се спасат од смртта, но тие повеќе сакале да умрат, отколку да ризикуваат да ја отворат другата врата од која се плашеле повеќе и од смртта”.


Прашањата кое сите ние треба да си ги поставиме после читањето на оваа поучна приказна се следните: колку од нас се плашат да ризикуваат во животот; колку пати не сме одбрале некоја друга можност која од корен можела да ни го промени животот кон подобро, бидејќи сме биле преплашени и несигурни во нашите одлуки; колку пати поради нашите грижи и проблеми не ја гледаме другата опција како можно решение на моменталниот проблем и поради тоа воопшто не ни помислуваме да ја отвориме другата „врата”, вратата на нашите соништа, вратата на нашето спасување, вратата која ќе не одведе директно кон слободата, вратата која сите ние на некој начин ја заслужуваме???


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2913 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус