Поучни приказни

Татко и син

05 јуни, 07:08

Еден ден богатиот татко го одвел својот син на прошетка в село. Со тоа сакал да му покаже колку сиромашни можат да бидат луѓето. Посетиле една фарма во селото од некое сиромашно семејство.

По што таткото го прашал синот: „Дали виде колку сиромашни се тие луѓе? Што научи од тоа?“

Синот, одговорил: „Ние имаме едно куче, а тие четири, ние имаме базен, а тие реки, ние ги имаме сијалиците навечер, а тие ги имаат ѕвездите, ние купуваме храна, а тие сами ја прават, ние имаме ѕидови за да не заштитат, а тие имаат пријатели, ние имаме енциклопедии, а тие го имаат светото писмо Библијата. “ На тоа детето додало: „Ти благодарам тато што ми покажа колку сиромашни сме ние.“ 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2072 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус