Поучни приказни

Тестот со трите сита

06 август, 07:48

Во стара Грција, Сократ бил многу познат по тоа што бил многу мудар и знаел секогаш да донесува правилни одлуки.
Еден ден овој познат филозоф сретнал некој пријател кој му рекол:

- Знаеш ли што слушнав за твојот пријател?

- Само момент - го сопрел Сократ. - Пред да ми кажеш било што, сакам да направиш краток тест. Името на тестот е „тест со трите сита”.

- „Тест со трите сита?”

- Да - продолжил Сократ. - Пред да ми раскажеш за мојот пријател, можеби ќе биде добро да размислиш за тоа што сакаш да ми го кажеш и твоите зборови да ги „пропуштиш” низ посебни сита за зборови. Затоа и се вика „тест со трите сита”.

- Првото сито е сито на вистината. Дали си сосема сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш  е вистина?

- Не - одговорил човекот, само сум слушнал ...

- Во ред - рекол Сократ. - Значи не знаеш со сигурност дали е тоа вистина или не. Ајде да пробаме сега со второто сито, сито на добрината. Дали ќе ми кажеш нешто добро за мојот пријател?

- Не, туку спротивно ...

- Значи така - продолжил Сократ. - Сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, но не знаеш дали е тоа вистина. Но се уште можеш да направиш тест за твоите зборови. На располагање ти е уште едно сито, сито на употребливоста. Дали некако ќе ми користи информацијата која ти ќе ми ја кажеш за мојот пријател?

- Па, всушност не ...

- Значи - заклучил Сократ, доколку сакаш да ми кажеш нешто за што не знаеш дали е вистина, не е добро, ниту е корисно, зошто воопшто треба да ми го кажеш? 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1323 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус