Поучни приказни

Затвореникот и мравката

20 април, 09:45

Некој затвореник со години бил затворен во осамена ќелија во затвор.
Никој ниту го посетувал, ниту го гледал, ниту разговарал со него, а храната му била доставувана преку некој мал отвор во ѕидот.

Еден ден, во ќелијата, влегла мала мравка.

Човекот со воодушевување ја набљудувал мравката додека таа лазела нагоре и надолу по ѕидот на ќелијата. Дозволил да му застане на неговата дланка каде што подобро можел да ја види.
Наутро ѝ давал и по некоја трошка храна, а навечер ја поклопувал со метална чинија за да не му замине од ќелијата.

Едно утро одненадеж сфатил дека му биле потребни цели десет долги години поминати во изолација и самотија, за неговите очи да ја забележат убавината на една обична мравка.

Убавината е во малите нешта, насекаде околу нас. Не дозволувајте животот да ви помине без да ги забележите и цените.
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2186 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус