Поучни приказни

Зошто плачат жените?

04 март, 00:01

Некоја жена плачела. 
Нејзиното мало синче ја прашало: „Зошто плачеш?”
„Бидејќи сум жена” - му одговорила мајката.
„Не разбирам” - рекло детето.
Мајката го прегрнала и му рекла: „Никогаш и нема да разбереш.”

После некое време детето го прашало таткото: „Зошто мама плаче без никаква причина?”
„Сите жени плачат без никаква причина” - му рекол неговиот татко, бидејќи само тоа знаел да го каже.

Детето пораснало во големо момче, но и понатаму се прашувало зошто жените плачат без никаква причина.
Бидејќи не можел да си го одговори прашањето кое толку многу време го мачело, решил да му се обрати на Бог. 
Најпрво му се помолил а потоа го прашал: „Боже, зошто сите жени многу лесно и без никаква причина можат да заплачат?”

Бог му одговорил:

„Кога ја создавав жената знаев дека таа треба да биде посебна. 
Ѝ дадов доволно силни рамена за да може на нив да го носи целиот товар на овој свет, а сепак да биде доволно нежна за да може да пружи утеха.
Ѝ дадов внатрешна сила за да може да ги поднесе породилните болки и многубројните одбивања кои многупати стигаат до неа од нејзините деца.
Ѝ дадов сила која ќе ѝ овозможи да продолжи понатаму кога другите ќе се откажат и сила која ќе ѝ биде потреба да се грижи за нејзиното семејство кога има болест и кога има проблеми, без никаков приговор.
Ѝ дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сѐ, дури и ако нејзиното дете многу силно ја повреди и навреди.
Ѝ дадов сила за да може да се носи со сопругот во текот на сите негови грешки и ја направив од реброто на мажот за да биде поблиску до неговото срце, за да може да го штити и заштитува.
Ѝ дадов мудрост со која ќе знае дека добриот сопруг никогаш нема да ја навреди својата жена, но и да знае дека тој од време на време ја испитува нејзината сила и одлучност, за да таа стално биде покрај него.
И на крајот ѝ дадов солзи за да може да се исплаче. 
Тие ѝ припаѓаат само нејзе и може да ги користи секогаш кога ќе има потреба за нив. 
Гледаш мој сине дека убавината не е во облеката која жената ја носи на себе, ниту во нејзиното совршено тело или во начинот на кој ја чешла нејзината коса.
Убавината на жената треба да се види во нејзините очи, бидејќи тие се патот кој води до нејзиното срце - местото каде живее љубовта.”


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2227 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус