Позитива

Најубавите цитати за пријателството

11 мај, 07:05

 

 

 

 

 

 

„Пријателството не е нешто што се учи во училиште, но доколку не го знаете вистинското значење на пријателството, тогаш ништо не сте научиле”.

„Добар пријател е оној кој за тебе ќе најде време кога распоредот му е полн со обврски, но вистински пријател е оној кој воопшто не гледа во распоредот кога треба да најде време за тебе”.

„Добриот пријател е како детелина со четири листа. Тешко е да го најдеш, но среќен си кога го имаш”.

„Пријател е оној кој ја знае песната на твоето срце и ќе ти ја испее кога ти не ќе можеш да се сетиш на зборовите”.

„Вистинскиот пријател ја гледа твојата прва солза, ја фаќа втората и ја запира третата”.

„Секој може да те насмее или расплаче, но само вистинскиот пријател може да те насмее кога плачеш”.

„Можеби не може да го запре невремето, но вистинскиот пријател секогаш ќе ти се придружи на прошетка по дождот”.

„Пријател е оној кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа токму онаков каков што си во сегашноста”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 25423 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус