Животен стил, Пилатес и јога

Позитивни ефекти од вежбањето јога

07 февруари, 07:53

Станувајќи сé попопуларна на глобално ниво, јогата превентивно делува за зачувување и одржување на физичкото и психичкото здравје. 

Комбинирањето на разни јога положби (асани), правилното јога дишење (пранајама) и медитацијата, полека но сигурно делуваат и ги зајакнуваат нашето ментално, духовно и физичко здравје. 

Благодетите кои се добиваат од практикувањето на јога кај сите практиканти се различни, кај некои од нив веднаш се забележуваат, додека кај други потребно е малку повеќе време.  

Позитивното дејство на јогата, кое веќе е и научно докажано, е огромно за зачувување на здравјето. 
Со редовно практикување на вежбите од јога кои ги зацврстуваат мускулите, ја зголемуваат еластичноста и ја подобруваат рамнотежата на телото, се намалува стресот и се добива внатрешна смиреност, состојба која на сите ни е многу потребна во ова денешно хаотично време.

Исто практикувањето на јога помага во регулирање на крвниот притисок, ги намалува или во потполност ги отстранува болките во грбот и мускулите и делува на менталното здравје, така што опушта и релаксира. 

Внатрешниот духовен мир постигнат како резултат на практикувањето на јога е незаменлив и единствен.

Научниците кои се занимаваат со јогата, кои ја испитуваат и докажуваат нејзината ефикасност, открија дека со вежбањето на јога како попратна терапија при лечење на одредени болести се добива максимален резултат. Само, нормално, потребна е претходна консултација со лекар.

Овие се само еден дел од позитивните ефекти кои се добиваат од вежбањето на јога:

  • се подобрува држењето на телото, несвесно почнуваме да седиме исправени;
  • се намалуваат болките во телото;
  •  се подобрува работата на кардиоваскуларниот систем;
  • се подобрува циркулацијата во телото;
  • делува на ослободување од стресот;
  • се подобрува дишењето;
  • се добива поголема енергија, поспособни сме за извршување на секојдневните обврски;
  • делува на регулирање на телесната тежина;
  • се добива поголема еластичност на телото;
  • делува на развивање на чувството за доживување на сегашниот миг.

Добиеното знаење за благодетите и позитивните ефекти од јогата нека бидат главна причина за да почнете да практикувате јога. Верувајте, на вашиот организам ќе му направите големо добро.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3423 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус