Здравје, Здрави навики

Правилна исхрана во поодминати години

17 април, 07:58

Правилниот начин на исхрана ќе ви помогне да се чувствувате полни со енергија и желни за нови искуства без оглед на вашите години. Не само тоа, начинот на исхрана влијае и врз брзината на процесот на стареење. Затоа, не штедете, дадете му ја потребната храна на телото за да се избори со староста и депресивноста. 

За да го постигнете тоа потребно е да конзумирате сурова храна богата со хранливи материи, како што се зеленчукот и овошјето. Храната која ја внесувате треба да содржи ниско ниво на сол, протеини и масти од животинско потекло. 

Всушност, вие ќе постигнете две важни цели за вашето здравје: ќе го забавите процесот на стареење и ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, тумори, мозочен удар, остеопороза и други хронични заболувања. 

Со правилна исхрана ќе му помогнете на телото да ги обезбеди потребните протеини, јаглехидрати, масти и вода. 

Протеините се потребни за одржување и обновување на мускулите. Нив може да ги внесувате конзумирајќи: лиснаст зеленчук, грав, јаткасти плодови, јајца, млеко, риби и месо со ниска содржина на масти.

Јаглехидратите се извор на енергија на телото. Но, не секои јаглехидрати влијаат позитивно врз организмот. Се препорачува внесување на сложени јаглехидрати кои ги има во зеленчукот и житата. Исто така, извор на енергија се и мастите, од кои треба да се внесуваат само полинезаситени масти, кои ги има маслото од пченка и сојата, како и мононезаситени масти кои ги има во маслиновото масло, авокадото и јаткастото овошје.

Водата, пак има за цел да го надополни потрошениот дел вода во организмот, кој телото го ослободува при неговата активност. Затоа, не заборавајте да внесувате од 1.5 до 2 литри вода во текот на денот.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2028 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус