Здравје, Здрави навики

Предности и недостатоци на кафето

26 април, 06:28

Чувството на „дружење” со шолја кафе може да го опишат и да го разберат само оние кои го консумираат овој топол и за многумина драгоцен пијалoк. 

Навиката за пиење кафе не може да се спореди со ништо друго. Таа навика посебно се доживува секој пат, одново и одново, при секое пиење на кафе.

Покрај што кафето дава чувство на задоволство, неговото консумирање има и одредени волшебни предности кои многу позитивно делуваат на здравјето во однос на останатите состојки кои секојдневно ги внесуваме. 

Но, кафето исто така има и негативни последици по однос на здравјето кои се во тесна вреска со внесената дневна количина на кафе во организмот.

За сите кои се вљубени во кафето и не можат да замислат денот да го почнат без неговиот мирис, но и за сите останати, во продолжение информираме кои се предностите и недостатоците од консумирањето на кафе, колку шолји е доволно да испиете во текот на денот без при тоа да почувствувате одредени здравствени проблеми.

Прочитајте, информирајте се и ако е потребно зголемете го или намалете го консумирањето на кафе во текот на денот.

Предности и недостатоци на кафето, Prednosti i nedostatoci na kafeto, kafe, кафе, пиење кафе, pienje kafe

1 шолја дневно
предности – го регулира нивото на крвниот притисок и позитивно влијае на крвните садови. Кафето е познато како одличен антиоксиданс кој ги поттикнува мозочните активности.
недостатоци – само една шолја кафе го пореметува сонот во текот на ноќта, бидејќи на кофеинот кој го има во кафето му се потребни 8 часа за да се обработи во организмот. Поради ова колку што е можно повеќе избегнувајте го пиењето кафе навечер, а наспроти тоа уживајте во овој драгоцен ритуал наутро.

2 шолји дневно
предности – внесувањето на оваа количина во текот на денот е одлична превенција од Алцхајмеровата болест, бидејќи од оваа количина на внесен кофеин се зголемува бројот на протеини во мозокот кои делуваат врз губењето на помнењето. 
Исто така ако се консумираат две шолји кафе 30 минути пред некоја напорна активност, ќе се здобиете со многу поголемо количество на енергија која ќе ви помогне успешно да ја завршите работата.
недостатоци – внесувањето на две шолји кафе кај жените во текот на бременоста може да биде причина за настанување на спонтан абортус, бидејќи кофеинот влијае на производство на хормонот кортизол и производството на адреналин кои се тесно поврзани со појавата на оваа несакана состојба.

3 шолји кафе
предности – внесувањето на 3 шолји кафе во текот на денот кај жените го спречуваат појавувањето на рак на јајниците. 
Оваа количина кај мажите делува исто така многу позитивно бидејќи ја спречува појавата за настанување на камења во жолчката.
недостатоци – внесувањето на оваа количина во текот на денот ги зголемува шансите за настанување на срцев удар.

4 шолји кафе
предности – 4 шолји кафе содржат околу 400 милиграми кофеин, количина чиј  состав е богат со антиоксиданси кои го чистат организмот и помагаат во борбата против различни видови на тумори, рак на простатата и дијабетес од типот 2. 
недостатоци – внесувањето на преголема количина кафе како што се 4 шолји во текот на еден ден, кај многу осетливите луѓе и кај оние кои имаат некакви здравствени проблеми може да направи само уште дополнителен проблем, наместо да делува позитивно. Можна е појава на ревматски артритис, појавување на чувството на нервоза и анксиозност.

Предности и недостатоци на кафето 1, Prednosti i nedostatoci na kafeto 1, kafe, кафе, пиење кафе, pienje kafe

 

 

 

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3682 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус