Здравје, Здрави навики

Превенција од рак на дојка

12 април, 07:40

Ракот на дојка е болест која во последните години зеде поголеми размери, предизвикувајќи паника меѓу женската популација ширум светот. Но, тоа што се случува со вашето тело е само одраз на тоа колку вие се грижите за неговата благосостојба. За да го намалите ризикот од рак на дојка следете ги следните совети:

Одржувајте ја вашата тежина во разумни граници. Кога се мисли на разумни граници најчесто се мисли телесниот индекс да изнесува од 18 до 25. Секое зголемување на тежината е зголемување на потенционалниот ризик од рак на дојка. Таков е случајот кога жените влегуваат во менопауза кога почнуваат да ја зголемуваат својата тежина, затоа и голем број од нив се борат против ракот на дојка.

Избегнувајте алкохол. Алкохолот е најголемиот непријател за припадничките на понежниот пол. Според студијата која беше спроведена во Харвард, се докажа дека секојдневното конзумирање алкохол повеќе од една чашка предизвикува зголемување на опасноста од рак на дојка околу 20-25%.

Конзумирајте што повеќе зеленчук и овошје. За да ја подобрите работата на метаболизмот јадете и по 7 пати на ден без да се прејадувате, внимавајќи на тоа што го внесувате. Внесувајте повеќе мешункаст зеленчук, зеленчук со темно зелен лист, моркови и домати, а од овошје конзумирајте: цитрус, шумско овошје и цреши. Се препорачува мешункастиот зеленчук да се конзумира суров или полузготвен, бидејќи само така неговите состојки помагаат за намалување на ризикот од рак на дојка.

Вежбајте редовно. Вежбајте најмалку 30 минути секој ден, може да практикувате аеробни вежби или брзо одење.

Регулирајте го количеството на масти во вашиот оброк. За да го намалите количеството на масти, конзумирајте мононезаситени масти кои ги има во маслиновото масло, авокадото, оревите и семките, зголемете го количеството на омега-3 масти кои ги има во лососот, туната, скушата, сардините, езерската пастрмка, харингата, како и канола маслото кое е богат извор на омега-3 масти. За сметка на тоа намалете го количеството на омега-6 масти, заситени масти и транс масти.

Регулирајте го внесувањето на јаглехидрати. Јаглехидратите кои ги има во белото брашно, белиот ориз, белиот компир и шеќерот предизвикаат хормонални промени, односно раст на клетките во ткивото на градите. Затоа истите заменете го со јаглехидрати кои ги има во гравот/ мешункастите растенија.

Одржувајте позитивен психички став. Развивајте добри односи со пријателите и со семејството, имајте редовен и квалитетен сон, така што вашето тело и ум ќе бидат подготвени да се борат со опасностите недозволувајќи да било кој ваш орган се разболи од тешки болести или инфекции.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2406 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус