Позитива, Поучни приказни

Приказна за четирите свеќи

13 октомври, 06:04

 

 

 

 

 

 

Полека си гореа четири свеќи. Беше доволно тивко за да се слушне нивниот разговор. 

Првата свеќа рече: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме зачуваат, нема потреба да горам, мислам дека ќе се изгаснам.“ Свеќата веднаш се изгасна. 

Втората свеќа рече: „Јас сум ВЕРА – за жал многу луѓе имаат површна вера и јас не ги интересирам, нема смисла и понатаму да горам.“ Само што ги изговори овие зборови, дувна тивок ветер и ја изгасна. 

Третата свеќа жалосно рече: „Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене.“ Во истиот момент се изгаси. 

По кратко време во собата влезе едно дете. „Што е ова?“ - се запраша детето. „Требаше да горите до крај.“ Детето почна да плаче. 

Тогаш се огласи четвртата свеќа: „Не плаши се, сè додека горам јас, ќе можеме да ги запалиме другите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 9628 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус