Позитива, Поучни приказни

Приказна за една необична жаба

05 септември, 07:10

Ова е басна која ќе нè научи како да бидеме успешни и да ги оствариме своите соништа и покрај неверувањето на околината дека сме способни за такви нешта.


 

 

 

Си биле група жаби. Се собрале за да организираат натпревар во искачување. Целта им била да се искачат на врвот на едно високо дрво.

Голем број луѓе се собрале под дрвото за да го гледаат натпреварот и за да навиваат.

Трката започнала.

Искрено кажано, никој од публиката не верувал дека жаба може да се искачи на врвот на високото дрво, бидејќи претходно никогаш тоа се немало случено.

Од толпата луѓе се слушале зборовите: „Премногу е тешко! Никој никогаш нема да може да се искачи на дрвото!”

И навистина малку по малку жабите почнале да се откажуваат една по една. Напредувале само оние жаби кои биле најспремни.

Но, луѓето повторно почнувале да извикуваат: „Премногу е тешко, никогаш нема да успеете да се качите на врвот на дрвото!”

Жабите сѐ повеќе се откажувале, а публиката била сѐ погласна и погласна: „Не можете да се искачите на врвот! Во тоа никој не успеал, па нема ни вие!”

И покрај викањето од публиката останале неколку најупорни жаби кои самоуверено се искачувале кон врвот на дрвото.
Но, публиката имала големо влијание врз нив, па продолжувала да им вика од под дрвото, така да на крајот сите жаби освен една, се откажале.

Таа жаба била сигурна во себе, имала голема самодоверба и сигурно се движела кон самиот врв на дрвото.

Публиката и понатаму била немилосрдна кон жабата и понатаму извикувала: „Откажи се, никој до сега ова го нема направено, па нема да можеш ниту ти! Што се замислуваш дека си?”

Но, жабата и понатаму се искачувала. Публиката викала, а жабата се искачувала по дрвото.

И на крајот жабата успеала да се искачи на врвот.

Прв пат на некој до тогаш тоа му се случило. Прв пар невозможното станало возможно.

Секако, после постигнатиот успех, сите сакале да се фотографираат со успешната жаба. Сита сакале да ја видат и да се запознаат со неа, за да дознаат како успеа да се искачи на самиот врв на дрвото. Меѓутоа, жабата на никој ништо не им одговорила.

Жабата била глува!


Басната е многу реална и вистинита, сигурна сум дека многу од нас ќе се пронајдат во неа. 
Но, целта не е само да се пронајдеме во зборовите. Целта е да го сфатиме значењето на тие зборови и од нив да извлечеме поука.

Поуката е дека секој од нас треба да се стреми да ги оствари своите зацртани идеи и замисли, без оглед на околината, без оглед на опкружувањето и на зборовите кои другите ги упатуваат кон нас.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3244 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус