Позитива, Поучни приказни

Приказна за нашите стравови

02 септември, 06:38

Некогаш многу одамна живеел некој крал кој имал огромен дворец, но дворецот бил многу чуден.

Во внатрешноста дворецот бил прекриен со огледала, на ѕидовите, на подовите, на таваните, насекаде низ него имало огледала.

Еден ден додека немало никој во дворецот, од некаде едно куче дотрчало и влегло во дворецот. Било изненадено од непознатото и чудно место, па затоа почнало да се врти на сите страни околу него. На негово големо разочарување сфатило дека околу него се наоѓаат еден куп други кучиња. Ги имало на секаде и биле во огромен број. Со намера да се заштити од нив, кучето на сите им ги покажало неговите остри заби, но во исто време и другите кучиња ги покажале нивните заби. Тоа почнало да ржи за да ги уплаши, но како одговор на неговото ржење, сите кучиња околу него почнале исто така да ржат.

Кога го забележало тоа, кучето било сосема сигурно дека неговиот живот е во опасност па почнало да лае. Но само што почнало да лае и другите кучиња почнале да лаат кон него. Колку посилно лаело кучето, толку и останатите кучиња лаеле посилно.

Другото утро дворјаните го пронашле несреќното куче мртво. Тоа било сосема само. Освен него во дворецот немало никој, само илјадниците огледала со кои било опколено. Никој не се борел со него, затоа што и никој немало со него.

Сепак тоа самото се гледало во огледалата и тоа го преплашило до смрт. Кога почнало да се бори, одразите во огледалата исто така почнале да се борат. Загинало затоа што се борело со илјадниците сопствени одрази кои го опколувале од сите страни.


Многу често луѓето околу себе не ја гледаат стварноста каква што навистина е, туку во сѐ и во секој гледаат одраз на нивните мисли, го гледаат нивниот поглед на светот. Сите донекаде го набљудуваме луѓето, нештата околу нас и самите себе преку обоени и искривени стакла. Ако не сме сигурни во себе и ако не сме задоволни од самите, мислиме дека нас никој не не сака. Ако не сме задоволни од својот изглед се плашиме дека останатите ќе ни се смеат и ќе не потценуваат. Оние кои се плашат во сите и во сѐ гледаат закана. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2037 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус