Позитива, Поучни приказни

Прекрасна приказна за предизвиците на животот

06 октомври, 06:16

Кога една млада девојка му се пожалила на својот татко дека животот е премногу тежок и дека постојано доаѓаат нови проблеми, таткото ја однел во кујната и трпеливо почнал да работи.

Без да проговори ни еден збор, таткото ставил три лончиња со вода на огнот, а кога водата зоврела во едното лонче ставил компири, во другото јајца, а во третото зрна кафе.

Кога се свариле, ги извадил во посебни чинии, чекајќи ј реакцијата на ќерката. Девојката ништо не разбирала. Сè што гледала биле обични компири, јајца и кафе.

„Тврдиот компир сега е премногу мек, нежното и кршливо јајце има лушпа која лесно се крши, но затоа сега е тврдо под лушпата, а обичните зрна кафе со варењето создадоа течност која прекрасно мириса, тие ја променија водата и создадоа нешто ново, уникатно и убаво” - ѝ рекол таткото. Потоа продолжил да објаснува: „Луѓето се како овие три нешта. Кога ќе се соочат со тешкотии, сите различно реагираат. Што сакаш да си ти кога несреќата ќе затропа на твојата врата? Дали ќе дозволиш да бидеш мека како компирот, ќе најдеш малку сила, па ќе бидеш како јајцето или ќе го извлечеш најдоброто од себе и од тешкотијата ќе создадеш нешто посебно?”


Животот е постојана борба. Некои ситуации не можеме да ги промениме, но затоа имаме моќ да избереме на кој начин ќе реагираме. Силата е секогаш во нас, потребно е само да имаме малку верба и да ја побараме во себе.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2934 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус