Приказна за тројца синови

23 март, 10:51

Три жени се сретнале покрај бунар каде што отишле да полнат вода и почнале да разговараат за своите синови. 

„Треба само да го слушнете мојот син, да слушнете само како прекрасно пее, како славеј” - рекла првата жена.

Другата жена почнала да се фали: „ А вие само да го видите мојот син колку е висок и силен. Кога ќе фрли камен нагоре во висина, тој скоро да ги допира облаците”.

Третата жена само молчела, ништо не зборувала.

Забележале останатите две дека молчи и не зборува и ја прашале за нејзиниот син.

„Не знам што да ви кажам. Мојот син е млад, обичен младич како и многу други”.

Жените тргнале накај своите домови со тешки товари кои ги носеле на своите глави. Третата жена и понатаму молчела, не зборувала ништо бидејќи се чувствувала непријатно пред останатите две. 
Сонцето сѐ повеќе и повеќе греело, а со самото тоа и тежината која жените ја носеле на своите глави станувала сѐ потешка и потешка.
Штом влегле во селото, жените ги здогледале своите синови.

„Слушнете како мојот син убаво пее”, рекла првата жена покажувајќи кон нејзиниот син кој бил потпрен на ѕид и пеел со неговиот милозвучен глас.

„Погледнете го мојот син колку високо може да го фрли каменот”, додала втората жена и покажала кон нејзиниот син.

Третиот син само дотрчал до својата мајка и ѝ го симнал тешкиот товар од нејзината глава.

Останатите две жени останале запрепастени од постапката на нејзиниот син, ништо не проговориле и си продолжиле по својот пат со тешкиот товар на нивните глави. 
 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2427 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус