Здравје, Природни лекови

Природни лекови од лук

15 август, 07:00

Лукот е подземно растение во облик на главица. Се претпоставува дека потекнува од централна Азија. Надземните делови се користат за салата, а лукот најчесто како зачин во исхраната. 

Различни народи имаат различни мислења за значењето на лукот. За персијците е лек кој ја подобрува циркулацијата, а за египјаните лукот е свето растение. Работниците кои ги граделе пирамидите во Египет го користеле за да ја сочуваат својата сила и здравје. 

Низ историјата, истражувањата покажуваат дека лукот е лек против беснило, против инфекции, штити од рак на дебелото црево, го намалува холестеролот, штити од артеросклероза, спречува создавање крвни тромби, па дури и се смета како тајниот лек за долговечност.

Лукот е богат со минерали, калциум, сулфур, фосфор, железо, јаглени хидрати, сулфурни етерични масла, азотни материи, алин, ферменти, витамини (А, Ц и витамини од Б-група), содржи 200 биолошки активни соединенија.

Намален имунитет, дијареја, кашлица, кивавица, црвени глисти, повраќање, маларија, краста и шуга, воспаление на бешиката, камен во урина, грип, бронхитис, ангина, висок крвен притисок, за здрави крвни садови, шеќер во крвта, покачени маснотии во крвта, за исфрлување на отровите од организмот, за чистење на цревата, воспаление на белите дробови, акни, хемороиди, астма, нервни болести, опаѓање на косата, заболувања на простата, главоболка и ешерихија коли се само дел од болестите кои ги лечи ова извонредно растение.
 
Лек за долговечност

Дневно се препорачува конзумирање на 1 литар јогурт (природен) со три чешниња лук.

Лек против дијареа

Во мала чаша вински или јаболков оцет ставете исцеден сок од 2-3 чешниња лук. Се пие одеднаш.

Сируп

Вода (иста количина колку шеќерот) и шеќер се варат сè додека сместа се згусти. Откако ќе го тргнете од огин додадете иситнет лук (половина од количината на вода). Од сирупот се пие 2-3 лажици дневно при грип, ангина, бронхитис, заразни болести. 

Лек против бронхитис, воспаление на бели дробови, астма

Земете едно чешне лук, испасирајте го и ставете го во мала лажичка. Ставете ја лажичката под нос, на висина од устата и силно вдишувајте преку нос 5 минути. Свртете ја сместата и повторно вдишувајте од миризбата силно преку носот. Воздухот треба да го задржувате околу 4-5 секунди, по што треба полека да се издише. Ова треба да се практикува наутро и навечер во период од 1-2  месеци.

Лек против висок крвен притисок

Секој ден при секој оброк треба да се изеде по едно чешне лук. Кога ќе се нормализира вашиот притисок не престанувајте да конзумирате лук. Наместо три пати доволно е барем еднаш дневно за да не ви се јави проблемот повторно. 

Други природни лекови од лук: http://mojportal.mk/doznajte-za-sto-se-moze-da-vi-pomogne-lukot/


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6229 пати.

Коментари [1]

joker_973

NAJEFIKASEN I NAJPRIRODEN LEK PROTIV BRONHITIS, BRONHOPNEVMONIJA KAKO I DRUGI RESPIRATORNI ZABOLUVANJA E " GUSKINA MAST " ...... 070 514-320

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус