Природни лекови

7 супер состојки кои го продолжуваат животот

15 февруари, 00:02

Во последно време, кога станува збор за зачувување на здравјето, свеста на луѓето е зголемена неколку пати.
Секој гледа да се храни колку што е можно поздраво и поредовно. 
Поголемиот број на луѓе внимаваат во нивната храна да вметнат хранливи состојки кои играат значајна улога во борбата против вируси, настинки и болести. Во овој контекст ви претставуваме седум супер состојки, кои доколку редовно се применуваат во исхраната, ќе дадат многу добри резултати за релативно кратко време.

 

Интегрален ориз – го намалува ризикот од појава на шеќерна болест, благодарејќи на витаминот  Б1.

 

Брокула – содржи витамин K кој го регулира производството на инсулин. На тој начин помала е веројатноста од развој на шеќерна болест.

 

Сок од брусница – три чаши сок во текот на денот, дури за 40% ќе го намалат ризикот за појава на коронарни болести.

 

Авокадо – богат извор на калиум кој доколку се комбинира со несолена храна штити од висок крвен притисок и мозочен удар.

 

Црвен грејпфрут – доколку во текот на денот се внеси еден црвен грејпфрут, за 20% се намалува ЛПД (лошиот холестерол) во крвта.

 

Кафе – 2 до 3 шолји незасладено кафе во текот на денот го намалуваат ризикот од болести на срцето за 53%.

 

Зелен листест зеленчук -  го зголемува нивото на антиоксиданси во крвта кои се борат против голем број на болести, вклучувајќи го и ракот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2376 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус