Природни лекови

Алое Вера – еликсир на вечната младост

27 февруари, 00:03

Алое вера или познато како еликсир на вечната младост е едно од најчудотворните растенија кое се вбројува во групата на лијани. Овој тип на растенија успеваат само во тропските и суптропските предели.

Постојат над 200 различни видови од ова растение, но само едно се користи за медицински цели, и тоа: Aloe Barbadensis Miller(латински) или комерцијално позната како Алео вера - право Алое.

Според легендите токму ова растение е “виновно“ за здравата и сјајна кожа на Клеопатра, која го користела за подмладување.
Според друга легенда, Алое вера е причината за битката на Александар Македонски кај Ис. Во тоа време Алое вера се користела за лекување на раните кај војниците. Од тие причини Александар морал да дојде до што повеќе од ова растение.

Состав

Алое Вера во својот состав содржи околу 200 корисни материи, меѓу кои:
- витамини (бета каротин, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, и антиоксидантите: Ц, Е);
- минерали и олигоелементи (фосфор, магнезиум, калиум, натриум, железо, бакер, хлор, манган, хром, цинк);
- моно и полисахариди: целулоза, гликоза, маноза, алдонентоза, алиназа, рамноза, ацеманан;
- шеќери: муко - полисахариди, кои делуваат врз имунолошкиот систем и помагаат за детоксификација;
- од 8 есенцијални аминокиселини содржи 7, а од 14 неесенцијални аминокиселини содржи 11;
- ензими: аналгетик, антифлогистик, имуностимулатор;
- растителни стероли: три видови кои делуваат како моќни антиинфламаторни агенси;
- сапонини: моќни антимикробски ефект против бактерии, вируси, габички и воспаленија како кандида.

Примена

Алое вера се внесува преку дигестивниот тракт, со што помага за подобро варење на храната, ги апсорбира хранливитие материи, витамини и минерали. Влијае врз сите ќелии на организмот, го зајакнува имунолошкиот систем. Со неговата козумација, алоето го надоместува недостатокот од витамини во организмот.

Покрај пероралната употреба, може да се користи и за лекување на рани, а во медицината се користи после операции.

Не очекувајте промените да се случат одеднаш. Постепено, алоето ги покажува своите благодати. Помага за здрава и сјајна кожа, ги ублажува болките, го зголемува производството на колаген. Се користи за лекување на хемороиди, дерматитис, црвенило, иритации, псоријаза, воспаление на очи, како и за измазнување на брчките. Го штити организмот од рак, тумур, сида, го редуцира шеќерот во крфта, ги редуцира и воспалителните процеси како колитис, артритис и гастритис.
Гелот од Алое верата има улога на антиоксиданс и детоксиданс. Се препорачува за одржување на забите и устата. Сокот од Алое вера се смета за еден од најдобрите прочистувачи на телото и внатерешните органи, и тоа за желудникот, црниот дроб, слезината, бубрезите, мочниот меур.

Во секојдената исхрана

Насекаде околу вас може да забележите производи на кои пишува дека содржат Алое вера. Многу производители го користат овој препарат за да привлечат што повеќе потрошувачи и да остварат брз профит. Овие производи содржат само мал дел, пред сè преработено Алое вера, засладено со шеќери. Вистинскиот сок кој содржи 100% гел од Алое вера има горчлив вкус, е тежок за пиење и ретко може да се најде низ продавниците.

Како се приготвува сок од Алое Вера?

Земете лист од Алое вера и пресечете го на пола и над сад исцедете ја неговата течност. По што веднаш може да го ставите на раната или доколку го пиете додадете малку вода или сок и испијте го набрзина. Исцедокот од алое вера брзо го губи своето дејство.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 8872 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус