Природни лекови

Чај од глог за здраво срце

03 јуни, 09:56

Малите црвени бобинки познати како глог ги има насекаде во природата. Ова растение е одамна познато по својата лековита моќ, особено како природен лек за срцето.

Цвета во мај и јуни, па сега е вистинско време за собирање на цветовите. Лисјата се берат подоцна, дури по цветањето на глогот, а плодот е зрел кон крајот на летото. 

 

Како лек се користат цветот, листот и плодот. 

Цветовите, лисјата и плодовите се сушат (не сушете ги директно на сонце), потоа од нив се подготвува чај.

Чајот од плодовите пред употреба треба да се исцеди, поради ситните иглички кои ги содржи плодот.

Глогот е еден од најдобрите лекови за срцето. Ја зајакнува и подобрува работата на срцето, помага за полесно опоравување по преживеан срцев удар, ги штити и лекува крвните садови и го подобрува протокот на кислород во организмот.


Ова чудесно растение го регулира и крвниот притисок. Го зголемува премногу нискиот притисок кој се јавува како резултат на слабо срце, но и го намалува високиот притисок.

Се препорачува и за стари лица поради оштетувањата на срцевиот мускул во староста.

Покрај лекувањето на срцето, глогот влијае и на нервниот систем, го зајакнува и смирува.

Побарајте ги ароматичните цветови и црвените бобинки и подгответе чај од глог за здраво срце.


Предупредување: Не се препорачува за трудници!


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 13699 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

Дрвата за огрев претворете ги во уметнички дела

2019-09-30 00:03:20
Дрвата за огрев претворете ги во уметнички дела

Зимата е на самиот праг, а оние кои се греат на дрва, оваа зима можат да направат свои уметнички дела и мозаици кои ќе ги украсуваат дворовите.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

11 Ноември

11 Ноември
На денешен ден, во 1974 година е роден американскиот актер и продуцент Леонардо Ди Каприо.     
© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус