Природни лекови

Црвената зелка неколку пати поздрава од зелената!

07 јуни, 10:00

Од групата зеленчуци денес ја издвојуваме црвената зелка, чиј состав и благотворност за организмот е многу поголем од зелената зелка. Иако во секојдневието повеќе се преферира зелената, важно е да знаете дека со конузмирањето црвена зелка на организмот му давате неколку пати повеќе витамини и минерали од обично.

Што содржи црвената зелка?

Самата темно виолетова (кон црвена) боја асоцира на нешто здраво за крвта. Содржи околу 6-8 пати повеќе витамин Ц во споредба со зелената зелка, изобилува со калциум, калиум, железо, Б витамини, бета каротин. 

Crvena zelka

100 гр црвена зелка содржи:

  • 31 калорија
  • 0,16 гр. вкупни масти (0,034 гр заситени масти, 0,125 гр полинезаситени масти,0,019 гр мононезаситени масти)
  • 0 гр. холестерол
  • 27 мг. натриум
  • 243 мг. калиум
  • 7,37 гр. вкупни јаглехидрати (2,1 гр диетални влакна, 3,91 шеќери)
  • 1,43 гр. протеини

Лековити својства

Количеството на селен кое го содржи во својот состав помага за регулирање на покачениот крвен притисок, создава антитела во случај на вродени генетски маани и помага за подобрување на плодноста кај мажите. Во народната медицина сокот од зелката кој содржи гефаркат се применува за лекување чир на желудник. Гефаркатот помага да се создаде тенка обвивка во желудникот која штити од нападите на желудочната киселина. Притоа, помага за уништување и на „хеликобактер пилори“, бактерија која го напаѓа желудникот и е предизвикувач на чиреви.

Големото количество на витамин Ц е значајно при создавањето на колагенот. Честото конзумирање зелка, особено во зимскиот период, помага за одржување на кожата здрава и сјајна. Притоа, се смета дека зелката помага за побрзо заздравување на мозолчињата на лицето.

Медицината сè уште истражува за дејството на црвената зелка. Во голем број студии се претпоставува дека помага и во изградбата на здрав мозок и здрав срцев мускул. 

Кратки рецепти

Crvena zelka

Сируп за кашлица

Сирупот добиен од црвена зелка помага за смирување на кашлицата. Се добива кога 100 мл. цеден сок од црвена зелка ќе се промеша со 120 гр. шеќер. Ова соединение се вари додека да се згусне.

Лек за пијанство

За да ги надминете последиците од пијанството земете две лажици сируп од црвена зелка.

Лек за чир во желудник

Конзумирајте редовно свежо исцеден сок од црвена зелка, сè додека не го снема чирот.

Лек за слабокрвност (анемија)

Конзумирајте по 2-3 чаши свежо исцеден сок од црвена зелка секојдневно.

Намалување на болката и отокот

При повреди и оток се ставаат облоги на местото од листови зелка.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 12280 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус