Природни лекови

Цвеклото го намалува крвниот притисок

22 април, 08:44

Цвеклото, кое е голем извор на железо, помага и за намалување на крвниот притисок.

Според британските научници, доколку конзумирате по една чаша сок од цвекло на ден, ќе го намалите крвниот притисок. Тоа се должи на нитратите кои ги содржи ова растение кои ги прошируваат крвните садови и го подобруваат протокот на крв.

Од долгогодишните истражувања на благодетите од цвеклото, утврден е само еден недостаток. При секојдневно конзумирање сок од цвекло, урината ќе стане црвена.

Освен цвеклото, за подобра циркулација на крвта потребно е да конзумирате што повеќе овошје богато со нитрати.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4356 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус