Природни лекови

Храна која помага во намалувањето на желудочната киселина

28 јули, 07:24

Чувството на киселина кое се јавува после внесена храна е крајно непријатно и непосакувано.
Настанува најчесто како резултат на храна која е непосакувана за желудникот и која истиот не може да ја свари и преработи, па како желудочна киселина ја враќа назад во грлото и устата. 

Луѓето кои го имаат овој проблем многу добро знаат дека за време на желудочните киселини се појавува чувство како нешто да „гори” во желудникот, па потребно е да се испие одредена количина на вода за да се намали „огнот” во желудникот, и многу често оваа непријатна појава е проследена и со болка.

Со правилен избор на храна оваа појава може во голема мера да се намали, но и да исчезне. 

За сите оние кои водат борби со непријатните желудочни киселини, во прилог им прикажуваме листа на препорачана храна, која успешно се справува со овој проблем.


Ориз - одлично се справува со киселините во желудникот, бидејќи спаѓа во групата на сложени јагленохидрати, за кои е познато дека се одлична и често препорачана храна за луѓето со ваков проблем.


Магданос - со право со илјадници години магдоносот се користи како зачин кој храбро им се спротивставува на желудочните киселини. Го подобрува варењето на храната во организмот и го регулира метаболизмот.


Зеленчук - карфиолот, тиквичките и грашокот одлично се справуваат со желудочните киселини, па затоа е препорачливо да се консумираат колку што е можно повеќе.


Пилешко месо - може да се консумира варено или печено, но без кожа, бидејќи во кожата се собира целата непотребна маснотија од пилето, која е голем непријател на желудникот и е една од причините за појава на киселините. Истото важи и за пржено пилешко месо во масло - да се избегнува колку што се може повеќе.


Банани - поседувајќи PH вредност од 5,6, бананите се одличен избор на храна која може да се консумира помеѓу оброците, бидејќи со својата неутрална PH вредност воопшто не им сметаат на луѓето кои често имаат желудочни киселини.


Салати - со било кој ручек препорачливо е да се јаде и салата, која ќе ѝ помогне на храната побрзо да се свари во желудникот. Доматот и кромидот не се пожелни во салатите, па убаво е да се избегнуваат.


Алое вера - познато е дека растението алое вера, како и напивките кои се прават од него, се природни средства кои успешно се справуваат со желудочните киселини. 


Ѓумбир - ако правилно и во умерени количини се консумира ѓумбирот, желудочните киселини ќе станат минато.


Зобна каша - најдобриот оброк кој може да се консумира за доручек, ручек или вечера, или како меѓу оброк, е токму оваа зобна каша, која покрај што долго време дава чувство на ситост, исто така не предизвикува желудочни киселини.

Она на кое најмногу треба да се внимава за да не се појават овие непријатни желудочни киселини, е избегнувањето на лута, кисела и премногу зачинета храна, како и да се избегнува неправилното комбинирање на храната, како месо и компири.


​Грижете се за вашето здравје и внимавајте што внесувате во организмот!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6539 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус