Природни лекови

Храната како природен лек

27 февруари, 07:18

Храната која секојдневно ја внесуваме во организмот истовремено претставува и лек. 

Правилниот избор на здрава и добро комбинирана храна е најважен за одржување на здравјето. 

Преку храната се внесуваат сите потребни витамини и минерали кои му се потребни на организмот за правилно да функционира.

Некогаш, без да ги знаеме позитивните ефекти од внесувањето на одреден тип на храна, се чувствуваме многу подобро и успешно се справуваме со одредени здравствени проблеми. 

Сега, откако многу подобро ќе се запознаете со храната која во одредени ситуации има улога на лек, сигурно многу повеќе ќе почнете да ја консумирате. Наместо разни таблети и антибиотици, почнете да ја консумирате соодветната храна која е наменета за успешно справување со одреден здравствен проблем. 

  • Говедско месо против главоболка

Доколку подолго време имате главоболка, време е во вашето мени да додадете говедски џигери.
Овој вид на месо, поточно говедските џигери, содржат големо количество на витамин Б, кој докажано влијае врз намалувањето на главоболки.

  • Шипки против изгореници од сонце

За успешно справување со штетните UV зраци од сонцето, како и за намалување на изгорениците на кожата предизвикани од преголема изложеност на сончевите зраци, научниците од Тексас советуваат на поголемо внесување на шипки во организмот.
Може да се внесуваат свежи или приготвени како чај.

  • Со црно вино до потенка фигура

Потенка фигура ќе добиете ако секојдневно консумирате по една чаша црно вино – советуваат научниците.
Имено, постои состојка откриена во црното вино која не дозволува недоразвиените масни ќелии да созреат и да се претворат во нови масни ќелии, т.е. наслаги.
Доколку не сте љубители на виното, истиот овој ефект ќе го постигнете со консумирање на грозје или брусница.

  • Јогурт против настинка

Успешно ќе им се спротивставите на сезонските настинки и грипови со секојдневно консумирање на пробиотички јогурт.
Добрите бактерии кои се наоѓаат во јогуртот го зајакнуваат имунитетот и дури за 42% спречуваат настанување на инфекции на горните дишни патишта.

  • Кафе против депресија

Неодамнешните истражувања на Харвард покажаа дека за цели 20% ќе се намалат шансите за појава на депресија кај припадничките на понежниот пол, доколку консумираат три до четири шолји кафе во текот на денот. 

  • Со лимонада против камен во бубрег

Луѓето кои страдаат од болки во бубрезите, од истите можат да се ослободат, доколку дневно внесуваат по една чаша лимонада, подолг временски период.
Лимонот, за разлика од останатите цитрусни овошја, содржи најголем концентрат на цитрат, кој успешно го раствора калциумот во организмот, кој пак е главен причинител за настанувањето на песок и камчиња во бубрезите.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1121 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус