Природни лекови

Корисна и штетна храна за лицата со алергии на полен

01 мај, 07:03

Доаѓањето на пролетта, за повеќето од нас најубавото годишно време, влијае врз сите наши сетила. 

Пролетта ја разеленува целата природа, ја облекува во нејзиното зелено руво и ја украсува со најразлични видови на цветови, кои испуштајќи прекрасни мириси ги примамуваат пчелите и пеперутките да ја започнат нивната берба на цветен полен. 

Овие пролетни слики кои ги има насекаде околу нас силно се врежуваат во потсвеста, но истите тие се непосакувани и немаат толкава голема вредност за луѓето кои се алергични на поленов прав. Тие не можат да им се радуваат на сонцето, шарените цветови, билки и тревки бидејќи алергијата ги спречува во тоа.

За жал бројот на луѓето кои се алергични на поленов прав од година во година се зголемува. 

Храната во голема мера влијае на подобрување или влошување на последиците предизвикани од алергијата, па затоа доколку сакате оваа пролет да не седите дома затворени помеѓу четири ѕида, прочитајте и информирајте се која храна е препорачлива да се консумира, а која е подобро да се избегнува се со цел да се намали кивањето, солзењето и триењето на очите и непосакуваното течење на носот.

Штетна храна

Целер - доколку при консумирањето на одредена храна забележите чешање во устата и грлото, треба да знаете дека постои можност да сте алергични на таа храна.
Во овој период од годината луѓето најчесто стануваат алергични на целер, но исто така и на други состојки кои имаат ист или сличен состав како целерот, а тие се домат, праска, киви и диња.
Ако ги забележите претходно споменатите симптоми, колку што е можно повеќе избегнувајте ги овие состојки.

Зачинета храна - повеќето луѓе обожаваат зачинета храна, но треба да се  каже дека токму таа може да биде предизвикувач на алергии со појава на претходно опишаните симптоми, а дополнително и појава на надуеност во пределот на стомакот.
Иако зачинетата храна е здрава и препорачлива за консумирање, доколку забележите некој симптом, исфрлете ја од вашето мени за најкратко можно време.     

Алкохол – Алергијата на алкохол се карактеризира со благо крвавење од носот кое се јавува веднаш после неговото консумирање и со појава на иритација и црвенило на ушите, лактите и петите. Било кој од овие симптоми е знак дека не смеете повеќе да пиете алкохол бидејќи покрај алергијата може да се предизвика многу поголем здравствен проблем.

Корисна храна

Топли пијалаци – симптомите од алергијата може во голема мера да се намалат со консумирање на топли пијалаци како што се билни чаеви и топли супи. Овие топли пијалаци ќе ви помогнат многу полесно да се ослободите и да го искашлате шлајмот кој се собира  во носот и грлото како резултат на алергијата. Ако не можете да пиете многу топли пијалаци, истиот овој ефект ќе го постигнете со држење на лицето над пареа.

Црвено грозје – во истражување кое било направено во 2007 година се добиле резултати кои им се од голема корист на луѓето кои патат од алергии.
Антиоксидансите кои во голем број ги има во составот на грозјето многу поволно и пријатно делуваат кај алергичните луѓе, ги намалуваат негативните симптоми и го олеснуваат дишењето.
Покрај црвеното грозје, исто така многу добро е да се консумираат и портокалот и јаболкото кои во голема мера ја намалуваат болката во грлото.

Јаболко – Познато е веќе одамна дека јаболкото е кралот на сите овошја бидејќи покрај тоа што изобилува со многу витамини и минерали, тоа исто така може да спречи настанување на алергија и астма.
Антиоксидансите во составот на јаболкото го подобруваат функционирањето на работата на белите дробови.
Слични позитивни ефекти врз здравјето предизвикуваат и кромидот, доматот, портокалот и јагодите. 

На вас останува одлуката дали ќе почнете повеќе да внимавате на исхраната и дали ќе бидете дисциплинирани за да си помогнете самите без да треба да внесувате антибиотици или други лекови.

Природниот начин на лекување трае подолго од вообичаено, но поради огромната успешност почнуваат да го применуваат се повеќе луѓе во светот.

Размислете дали сакате да ги намалите, ублажите и во потполност отстраните симптомите од алергијата по природен пат, или сакате да внесувате антибиотици и со тоа дополнително да го труете вашиот организам.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3100 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус