Природни лекови

Лекови кои може да се направат од јогурт

04 јули, 07:00

Јогуртот е еден од најчестите продукти во исхраната. За многумина тоа е само освежителен пијалок кој ја враќа енергијата и освежува во текот на топлите денови или само додаток во јадењата. Но, јогуртот има и други лековити својства. Може да се користи за различни намени како природен лек.

 

 

 

Маска за сјајно лице

Малку куркума и две лажици јогурт се мешаат со цеден сок од половина лимон. Маската се нанесува на целото лице и во пределот на вратот. Се плакне со млака вода.

Лек за изгореници и нискокалоричен појадок

Измешајте јогурт и каша од праски или јагоди и по свој вкус додадете мед. Заедно измешајте ги убаво. Овој оброк е добар за слабеење. Доколку имате изгореници од сонце или оштетена сува кожа нанесте од миксот на кожата. 

Балсам за коса

Нанесте јогурт на врвовите од косата и полека со нежни движења масирајте ја кожата на главата со јогурт. Откако ќе нанесте секаде, косата треба да се измие после 30 минути. Косата ќе добие сјај и поголем волумен.

Ги чисти дамките од кожата

За да ги отстраните дамките од кожата потребно е редовно чистење. Ставете 1 лажичка мелени ореви и додадете јогурт. Треба да добиете густа смеса. Се нанесува на соодветните места и се трие со раце околу 2 минути, по што јогуртот ќе се впие во вашата кожа. Се плакне со топла вода.

Помага за мозолчиња и акни

Јогуртот содржи цинк кој има антивоспалително дејство. Измиксајте рендана краставица или морков со јогурт и нанесте на местата каде имате мозолчиња или акни. Воспалението ќе се намали, а со редовен третман ќе имате чисто лице. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3641 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус