Природни лекови

Лековитоста на цикоријата

01 јуни, 07:11

Цикоријата (Cichorium intybus) може да ја најдете насекаде во текот на целото лето. Ова интересно растение ќе ве изненади со прекрасниот цвет и со необичното стебло кое достигнува висина од 1,5 метар, круто и неразгрането сè до врвот каде има неколку гранчиња. Стеблото е со жолтеникава боја, а во внатрешноста е бело. Неговите цветови се светло сини, а на листовите има кратки влакненца. 

Што се користи од цикоријата?

Скоро сè! Во народната медицина се користат коренот, листот и цветот. Но, најмногу коренот. Тој се копа на есен кога е најдебел и има најголемо количество на инулин и горчлив гликозид. Листовите и цветовите се собираат во време на цутење.

За што се користи цикоријата?

Често се сретнува како лек во народната медицина, итоа:

  • го јакне и го чисти желудникот
  • го подобрува варењето на храната 
  • го чисти црниот дроб
  • ја регулира работата на жолчката
  • ги чисти бубрезите и слезината
  • лекува жолтица и анемија
  • го регулира метаболизмот
  • ја прочистува крвта
  • го зголемува апетитот
  • делува смирувачки
  • се користи како диетална храна за дијабетичари
  • и како лек за надворешна употреба при воспаление на кожата.

Цикоријата може да се користи како чај и како замена за кафе, бидејќи не содржи кофеин.

Како се приготвува чај од цикорија?

Во 250 мл. вода се става 1 лажичка корен или сушена билка. Водата со цикорија се остава на оган да зоврие, по што се процедува. Дневно се препорачуваат околу 200-350 мл. чај од цикорија.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6543 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус