Природни лекови

Лековитоста на киселата зелка

30 јануари, 06:41

Есента е период кога се прават зимници. Насекаде околу нас се шири пријатниот мирис на пиперки, ајвар, мирис на мармалад ...

Зимницата се прави за да се има што да се јади во текот на долгите зимски денови.

Киселата зелка е зимница која скоро сите луѓе ја подготвуваат. Подготовката воопшто не е комплицирана и не одзема многу време, а благодатите кои таа ги дава по однос на здравјето се значително големи.

Општо е познато дека расолот или киселата зелка е извор на витамин Ц. Но дали само тој витамин е присутен во нејзиниот состав, или киселата зелка е нешто многу повеќе?

Наназад низ историјата киселата зелка се користела за лечење на шеќерна болест, разни видови воспаленија, гихт, изгоретини и многу други заболувања.


Со испитувања кои се вршени долги години е докажано дека киселата зелка многу подобро и поуспешно лечи одредени болести отколку некои видови лекови кои се наменети за лекување на тие болести.

Причината за лековитоста на киселата зелка е во нејзиниот состав.

Имено, 100 грама кисела зелка содржи 20 мг. витамин Ц, потоа витамин А, Б12, фолна киселина, магнезиум, железо, фосфор, калциум, калај, натриум и белковини.

Препорачано е да ја користат сите луѓе од сите возрасти, а најмногу старите лица и малите деца.

Поради изобилството на витаминот Б12 најмногу ја користат вегетаријанците и веганите.

Киселата зелка како многу добар и успешен лек се има покажано при лекување на нарушување на цревната флора, лечење на желудникот и цревата со што го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот, го чисти и го регенерира џигерот и ги ублажува последиците при лечење со антибиотици и лечење со хемотерапија.

 

Киселата зелка ја прочистува крвта и го зајакнува имунолошкиот одбранбен систем на организмот.

 

Исто така киселата зелка помага за зараснување на рани и изгоретини, помага при реума и воспалени и проширени вени.


Се користи како смирувачко средство против убод од инсекти, особено од пчели и оси. Локално на местото се става лист од кисела зелка и местото се преврзува со завој или газа. Се остава да постои неколку часа, по што отровот сосема ќе биде извлечен од кожата.


При појава на неподнослива главоболка, неколку листови кисела зелка се ставаат на челото и главата се преврзува со поголема крпа. После отприлика половина час главоболката ќе биде минато.

Но не е само киселата зелка лековита, лековита е и водата во која се става да стои зелката пред да стане кисела. И таа како и зелката е богата со витамини, меѓу кои најзастапени се Ц, Е, К, Б и У, кој е еден од најретките витамини и е многу важен при лечење на чир на желудник и чир на дванаестопалачното црево.


Во народната медицина водата од киселата зелка се има покажано како успешен лек при лекување на глувост.
Пред спиење поголемо парче памук се натопува убаво во водата од расолот и се става во увото. Се спие со него и наредното утро се вади од увото. Постапката се повторува неколку пати со ред.


Кај нас најпозната примена на расолот е за ублажување на мамурлак, но без разлика дали имате здравствен проблем или не, ве советуваме во текот на целата зима, колку што можете почесто да јадете кисела зелка и да пиете од водата во која таа се става за да бидете здрави и отпорни на вируси, настинки и болести кои се многу честа појава во текот на зимата.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4553 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус