Природни лекови

Лековитоста на кокосовото масло

05 јули, 14:42

Кокосовото масло и кокосовото млеко се добиваат од плодот на кокосовата палма Cocos nucifera.

Маслото добиено од овој плод содржи голем број на масни киселини кои се од голема важност за овозможување нормални метаболички функции на мозокот.

Некои научници сметаат дека со користењето на кокосовото масло може во голема мера да се забави развојот на Алцхајмеровата болест.

Денес не постои лек кој е докажан во борбата против оваа болест, која се опишува како дегенеративно заболување на мозокот, што предизвикува пропаѓање на врските на мозочната кора. 
Најочигледен симптом е губењето на помнењето, што води кон нарушување во донесувањето заклучоци и кон промена на однесувањето. 
До сега не е откриена причината за настанувањето на оваа болест, а лековите кои се употребуваат само го забавуваат нејзиниот развој.

Научниците кои ја поддржуваат тезата за придобивките од кокосовото масло сметаат дека изобилството на масни киселини кои ги содржи кокосот служат како еден вид на храна за мозокот. 
Тезата се уште не е прифатена од сите научници и затоа се прават дополнителни истражувања.

Но придобивките кои се добиваат со консумирањето на овој драгоцен плод се огромни.

Консумирањето на кокосово масло има позитивно дејство врз хормоните, позитивно делува на тироидната жлезда со што ја стимулира нејзината функција и делува на нормализирање на шеќерот во крвта.

Благодарение на кокосовото масло се забрзува метаболизмот, се добива поголема енергија и телото има поголема издржливост.
Исто со ова масло се зголемува добриот и се намалува лошиот холестерол во крвта.

Природата секој еден плод го створила и го направила да биде лековит.
На нас останува да откриеме за што се можат да ни помогнат одредени видови на плодови и да почнеме почесто да ги консумираме, нормално ако сакаме да бидеме здрави.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2764 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус