Природни лекови

Матичен млеч

28 март, 07:38

Медот и матичниот млеч се познати по своите лековити состојки уште многу одамна.

Благодарение на пчелите работнички, нашето поднебје изобилува со чист и високо квалитетен матичен млеч, чија употреба од страна на човекот е од големо значење за превенција и зачувување на неговото здравје.

Природата и пчелите ни го даваат во изобилие, а ние треба само да стекнеме навика да почнеме да го применуваме секојдневно во нашата исхрана доколку сакаме да бидеме здрави.

Матичниот млеч е исклучително хранлива, густа, млечно бела кремаста течност со карактеристичен мирис. 

Пчелите работнички го произведуваат матичниот млеч од цветниот нектар, полен и вода, со помош на секретот од нивните жлезди. Го користат за исхрана на ларвите на пчелите во првите денови од нивниот развој, додека пак матицата се храни со матичен млеч во целиот период на развој, па и подоцна. 

Во составот на матичниот млеч влегуваат белковини, витамини, хормони, масти, шеќери, вода, аминокиселини и други помалку застапени состојки.

Матичниот млеч се смета за чудотворна храна која го стимулира развојот, ја враќа силата, го регенерира организмот и го регулира метаболизмот. 

Особено е корисен за зајакнување на имунитетот и за подобрување на крвната слика.

Матичниот млеч го забрзува закрепнувањето од болести. 
Според некои истражувања, матичниот млеч ја подобрува состојбата кај Паркинсоновата болест. 
Го регулира нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите. 

Влијае и на подмладување на клетките, затоа што ги снабдува со материи што се губат во процесот на стареење. 

Поради изобилството од квалитетни протеини, матичниот млеч ги поттикнува растот и развојот на децата и поволно влијае врз имуниот систем на младиот организам.

Меѓу народот се вели дека матичниот млеч е најдобриот придружник за здрав и долг живот.

Матичен млеч, Maticen mlec, Royal Jelly

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4773 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус