Природни лекови

Природни лекови за коса без првут

29 мај, 09:29

Првутот е честа појава кај голем дел од луѓето, без разлика на нивниот пол и возраст.

Се јавува како резултат на болести на скалпот и иако не е сериозно заболување, предизвикува чувство на непријатност и намалена самодоверба.

Покрај медицинските препарати и шампони кои помагаат за намалување на првутот, може да се обидете со неколку природни состојки кои се покажаа како одлични лекови за скалпот.

Природни состојки против првут

Чаевите не се само топли пијалоци со пријатна арома. Тие се и моќни борци против првутот, благопријатно делуваат на скалпот и помагаат за намалување на иритацијата и првутот.
Чаевите од камилица, невен и бел слез се препорачуваат за намалување на првутот. Изберете било кој од овие чаеви и повремено плакнете ја косата со нив.

Оцетот е уште една природна состојка која може да ви помогне да се ослободите од првутот. Нанесете го на скалпот и масирајте ја кожата на главата. Оставете да дејствува околу 5 минути, потоа исплакнете ја косата.

За нега на скалпот и отстранување на првутот може да користите и лимон. По вообичаеното миењето на косата со шампон, убаво исплакнете ја. Потоа уште еднаш измијте ја косата со вода во која сте додале 2 лажички сок од лимон. При плакнењето со оваа течност, убаво масирајте го скалпот.


Природата секогаш нуди најдобар начин за справување со одредени здравствени проблеми.
Обидете се со некој од природните лекови и кажете му збогум на првутот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4081 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус