Природни лекови

Со правилна храна до подобра концентрација

23 јуни, 18:11

Сте се запрашале ли некогаш која храна му е најповеќе потребна на мозокот?
Што најмногу треба да јадеме, за да му овозможиме на нашиот ум правилно да функционира?

Студентите, средношколците и сите оние кои  завршиле со учење, најчесто знаат да напомнат дека пред испити и тестови најповеќе јаделе благи работи како чоколади, колачиња, бонбони и друго, бидејќи благодарение на таа храна, имале забележано дека повеќе го памтеле она што требало да го научат и биле повеќе сконцентрирани на целокупното учење.

Но дали тоа е така, дали навистина шеќерите му се доволни на мозокот за да може нормално да работи?

Стручњаците кои се занимаваат со оваа проблематика, после низа долгогодишни истражувања и испитувања, изготвија листа со состојки кои му се неопходни на мозокот и му ја даваат потребната енергија.

Ако сакате да бидете во добра ментална форма, ако сакате да ја подобрите концентрацијата и подобро да памтите, треба да внимавате на исхраната, треба правилно и здраво да се храните и во организмот да внесувате здрави состојки кои претставуваат храна за мозокот.

Што стручњаците препорачуваат да се консумира?


- зелена салата, спанаќ и зелка - овој вид на зеленчук го снабдува мозокот со хлорофил кој е биоактивна состојка и која му помага на кислородот повеќе време да остани во мозочните ќелии и така да биде искористен за повеќе ментални активности; 


- пиперки - бидејќи каротеноидот кој се наоѓа во нивниот состав ја подобрува работата на мозокот;


- морска риба - скушата, лососот и туната ја подобруваат концентрацијата во голема мера;


- јајца - изобилуваат со лецитин кој му е неопходен на мозокот, а го има и во млечните производи и во производите кои содржат соја;


- брокула - која помага за брзо, ефикасно и сконцентрирано учење;


- банани - благодарение на калиумот, магнезиумот и витаминот Б комплекс, делуваат смирувачки и создаваат добра подлога за донесување на исправна и промислена одлука;


- цитрусни овошја, јаболка и јагоди - поседуваат поголеми количини на витамин Ц кој ja подобрува работата на сите ќелии во мозокот;


- вода - важна е за целокупното здравје на организмот па исто така и за нормалното функционирање на мозокот.
Недостатокот на вода во организмот се манифестира со депресија и агресивност.


Хранете се здраво, јадете колку што можете повеќе свежо овошје и зеленчук и бидете во добра ментална и физичка форма. 

Со ваква исхрана ќе имате подобро развиен ум и секогаш ќе донесувате правилни одлуки.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3513 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус