Природни лекови

Со сирење до здрави заби

08 јуни, 09:43

Одржувањето на здравјето на забите е една од главните работи на кои треба да се внимава кога станува збор за одржување на целокупното здравје на организмот. 

Преку усната шуплина каде се наоѓаат забите, ја внесуваме целата храна во организмот. 

Од тоа како ќе биде изџвакана храната и дали добро ќе биде обработена, зависи и како храната понатаму ќе делува на организмот, дали ќе го подобри здравјето или ќе му наштети.

Процесот на обработка на внесената храна започнува токму во усната шуплина.
Забите се тие кои први доаѓаат во допир со храната и кои почнуваат да ја обработуваат.
За правилно да си ја извршуваат својата функција, забите треба да бидат во добра здравствена состојба, да не се расипани и да немаат кариес. 

Покрај редовните посети на стоматолог, како и редовното миење со четка и чистење со конец за заби, забите ќе ги одржите во здрава состојба и преку храната.

Сирењето на некој начин е лекот за забите, затоа што ги неутрализира киселините кои се појавуваат во устата, а со тоа спречува и настанување на кариес. 
Со редовно консумирање на сирење, се зголемува количината на плунка во устата, која пак е природен начин за да се одржува нормалната PH вредност.

Сирењето исто така содржи и одредени хемиски соединенија кои на некој начинсоздаваат заштитен слој на забите, кој не им дозволува да заболат од кариес и да се расипат.


Доколку сакате да се грижите за вашите заби, покрај сирење може почесто да консумирате и други ферментирани млечни производи кои го даваат истиот ефект и кои нема да им дозволат на забите да се расипат.

Внимавајте и грижете се за здравјето на вашите заби и секогаш внимавајте што и како јадете! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3357 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус