Природни лекови

Сок од моркови – најздрав за црниот дроб

25 јуни, 08:00

Свежо цедените сокови секогаш изобилуваат со многу витамни и минерали и се добредојдени за организмот. Сокот од моркови е еден од најдобрите. Изобилува со многу витамини, содржи помалку калории од соковите од овошје и е добар за кожата и црниот дроб.

Поради помалата количина на калории се препорачува при диети. Секојдневното конзумирање сок од морков ја подобрува работата на црниот дроб и на дигестивниот трак. Големото количество на витамин Е го прави многу позначаен во превенцијата од рак и други болести за кои ризикот се зголемува со зголемување на возраста. Количествата на витамин А се значајни заради видот и негово подобрување, ја ревитализира кожата и го забавува стареењето. Бета каротинот кој се содржи во морковите откако ќе влезе во нашиот организам се претвора во витамин А. Исто така, сокот од морков помага и за намалување на холестеролот.

Присуството на витамини го прават посебен и неопходен за нашето тело. Се препорачува секојдневно конзумирање барем по една чаша сок од моркови.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3962 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус