Природни лекови

Што треба да знаете за ѓумбирот?

17 февруари, 10:07

Ѓумбирот е растение кое изобилува со витамини и е едно од најлековитите. Потекнува од Индија и Кина, а во античкото време имал значително значење во трговијата со зачини.

Може да се користи како зачин или за чај. Се користи при грип и вироза.

Ѓумбирот му дава енергија на целото тело и помага за подобро варење на храната, дијареа, бавна циркулација, како и за ублажување на симптомите од аретриосклероза, артритис, гадење, хемороиди, за искашлување на слуз од грлото, мигрена, алергии и срцеви заболувања. Неговата лековитост помага за ублажување и на симптомите од менструалниот циклус.

Неговата исклучителна ефикасност се огледува во ублажување на воспалението на телото, придонесува за правилен развој на ткивата, го зголемува имунитетот и го намалува ризикот од срцеви болести.

Се препорачува дневна доза од 500 милиграми, и тоа во капсули, чај, сок или храна.

Во бременоста не се препорачува да се користи ѓумбирот при воспаление на кожата, висока температура, висок крвен притисок и камен во бубрези, особено не ѓумбир во прав. Може да се користи само во мали дози за да се ублажат симптомите на гадење.

Ѓумбирот помага за подобрување на варењето, ги апсорбира и ги неутрализира отровите во дигестивниот тракт, ја зголемува секрецијата на дигестивните ензими и сокови, вклучувајќи ја и жолчката и плунката, и помага за олеснување на болката во желудникот (особено свежиот ѓумбир). Чај од свеж ѓумбир ги ублажува болките во стомакот и има анти-воспалително дејство. Ѓумбирот ги лечи сите дигестивни потешкотии и е многу ефикасен во чистење на телото од паразити и бактерии и го фаворизира развојот на добри бактерии. Тој ги чисти отровите од крвта и лимфата.

За намалување на главоболката потребно е да конзумирате две лажици ѓумбир во прав растворен во вода.

Ѓумбирот го намалува шеќерот во крвта и холестеролот, помага за ублажување на менструални болки. Конзумирајте топол чај од свеж ѓумбир за балансирање на вашето тело.

Ѓумбирот е најбогат извор на калциум и железо.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 16761 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус