Природни лекови

Тиквички – неопходни за организмот

10 јули, 09:54

Тиквичката е едногодишно растение кое потекнува од Индија и еден од видовите на тикви кои успеваат на нашите простори. Особено во овој период во продавниците и на пазарите може да најдете тиквички со различна големина и достапна цена. За да успеат потребна им е температура над 10 целзиусови степени и често наводнување. Доколку плодот дојде во допир со земјата може да заболи од различни болести. Тоа што ја прави поразлична од вообичаените тикви е издолженоста на плодот и светло зелената боја на нежната кора. Таа е многу нежно, но извонредно корисно растение.

Што содржи?

  • Витамини: А, Б2, Ц, фолна киселна, К;
  • Минерали: манган, магнезиум, калиум, фосфор, бакар, железо и цинк;
  • 3,3 % јагленохидрати;
  • 1% растителни белковини;
  • 0,3 % масти;
  • 17 калории на 100 грама;
  • Големо количество на вода;
  • Растителни влакна.

За што се користи?

Овој богат состав на благотворни материи има позитивно влијание врз срцето и крвните садови, покачениот холестерол и триглицериди во крвта, како и кај лицата со дијабетес.

Големото количество на вода ја става во групата на најважни диуретици, која помага за исфрлување на непотребните течности од организмот. 

Растителните влакна кои ги има во голема количина, најмногу во кората, ја намалуваат ресорпцијата на масти во организмот, поради што често се применува во диети, а особено е значајна за лица со покачен холестерол и триглицериди во крвта. 

Покрај мастите, тиквичката ги регулира и шеќерот, крвниот притисок, ресорпцијата на гликоза; делува превентивно на појавата на атеросклероза и срцев удар.

Начин на употреба

Иако многумина ја конзумираат пржена, тиквичката треба да се конзумира варена, по можност без да се излупи кората. Така ќе ги задржите нејзините благотворни состојки, особено растителните влакна кои најмногу ги има во кората. 

Тиквичката не смее да се чува повеќе од 48 часа во фрижидер, бидејќи ги губи своите хранливи вредности. 

Сокот од  тиквичката се користи како ефикасен лек за превенција и борба со канцерогените заболувања поради присуството на фитонутритиенти.

За оние кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина и да постигнат добра форма на своето тело, тиквичката е одличен избор. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 10313 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус