Природни лекови

Загреете се и останете здрави во студените зимски денови на природен начин

02 јануари, 00:47

Како и да сакате да размислувате сите патишта во зимските ладни денови ве водат кон една цел: со добра храна да му дадете добра поддршка на вашиот организам да се избори со зимските предизвици, а за тоа што би било најдобро ако не топла чорба. Најчесто во вакви мигови помислувате на употреба на витамински суплементи (некако во природата на човекот е да го избира пократкиот пат мислејќи дека е полесен), но мислам многу подобра опција за вашиот организам е на природен начин преку добро нутритивно избалансирана храна да му го овозможите тоа. Ќе се запрашате зошто? Затоа што вашиот организам преку својот метаболизам многу подобро и побрзо, а инерактивно преку другите свои системи ќе ве обезбедува со потребните витамини и минерали не предизвикувајќи некакви непосакувани нуспојави. Правејќи комбинации меѓу житарки и зеленчук кои меѓусебно многу добро одговараат во своите нутритивни состојки во исто време задоволувате две нешта:

  • вашето здравје и
  • вашиот вкус

Полн погодок е  комбинацијата со просо и карфиол. Комбинацијата на овие намирници особено е добра зошто претставуваат прекрасни детоксикатори и имуноподдржувачи на вашиот организам. Богатството од антиоксиданси кои се прекрасни борци против слободните радикали ве заштитуваат од разни надворешни инфлуенци.
Просото е житарка многу посакувана и добро поднослива, а карфиолот е член на семејството зелки и е исклучително здрав зеленчук.

ПРОСО

Зошто го избрав просото?

Содржи:

  • манган, фосфор - минерали важни за здравјето на коските.
  • Не содржи глутен и тоа го прави погодно за оние кои не поднесуваат глутен (а го има во пченицата и ржта).

Погодно е за:
ДОРУЧЕК со свежо или сушено овошје со јаткасти плодови и семки и со соино или бадемово млеко. Се вари во однос 1 (мера просо) : 2 (вода или др. течност)
САЛАТА - најпрво се вари, а потоа се меша со зелена салата, домат, краставици, ливчиња нане и зачини по желба, маслиново масло, сок од лимон или јаболкова киселина.
КРЕМ ПРОСО - како крем се вари со постојано мешање и додавање вода, а потоа му се додава кари во прав, соја сос, ладно цедено маслиново масло. По желба се додава грашок и морков.

КАРФИОЛ

Содржи:

  • витамин Б1 и Б2 и Б6
  • пантотенска киселина
  • минерал фосфор (произведува енергија)
  • манган (ги неутрализира слободните радикали)
  • белковини за градба на мускулите и триптофан за регулација на сонот
  • омега 3 масна киселина
  • витамин Ц
  • калиум, магнезиум.

Медицински добробити:

  • го подобрува здравјето на СРЦЕТО
  • се бори против канцерогените слободни радикали
  • го детоксицира организмот
  • го поттикнува имунитетот
  • ја зголемува активноста на ензимите во црниот дроб.

За да не испушта гасови најдобро е да се вари 5мин.
Може да се јаде и сиров во салата со маслиново масло, сол и црн пипер и пармезан или некој крем сос.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 1442 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

Подгответе го организмот за есента

2019-09-30 06:53:00
Подгответе го организмот за есента

Есента е речиси на прагот, се бројат деновите до нејзиното доаѓање, а на нашиот организам му е потребно прилагодување на климатските промени кои доаѓаат.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

13 Декември

13 Декември

Во 1967 година роден е познатиот актер Jamie Foxx.

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус