Природни лекови

Здрава храна препорачана за во јуни

20 јуни, 01:37

Јуни е месец во кој пазарите изобилуваат со разнобојност од овошје и зеленчук.

Кога и да го посетите пазарот во овој месец, ќе најдете широка палета на разновидно овошје, како праски, малини, цреши, круши, јагоди, вишни и зеленчук, како тиквички, краставици, домати, пиперки, модри домати и многу други видови.

Она што е важно, е тоа дека сите видови на овошје и зеленчук кои се наоѓаат по тезгите на пазарите во овој период од годината, изобилуваат со витамини, минерали и растителни влакна, кои му се неопходни на секој организам, за да може нормално и правилно да функционира.

Но како покрај толкав голем избор на овошје и зеленчук да го направите вистинскиот избор?
Што да изберете од сѐ што се продава на пазарот?

Можете да се водите по сопствен вкус и желба, или да прочитате во статијава, што е препорачливо најповеќе да се консумира во месец јуни.


Тиквички - изобилуваат со витамини, растителни влакна, манган, витамин Ц, магнезиум, витамин А, калиум, фолна киселина, фосфор, бакар и витамин Б2.
Гледајте колку што можете повеќе на вашата трпеза да ги имате овие многу здрави и благотворни тиквички. 
Можете да ги спремате на различни начини, како полнети, да ги приготвите како посна мусака, поховани или да направите вкусна крем чорба од тиквички. 
Изборот останува на вас како ќе ги подготвите.

Здрава храна препорачана за во јуни, Zdrava hrana preporacana za vo juni, tikvicki, тиквички


Јагоди - неодамнешни испитувања покажаа дека јагодите се одлични состојки кои придонесуваат успешно да се намали телесната тежина, бидејќи во својот состав содржат нутритивни состојки кои го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат шеќерот во крвта да се одржува во нормално ниво.
Поради овој податок, а и поради тоа што се многу вкусни и примамливи со нивната карактеристична црвена боја и неодоливиот мирис, јагодите се едни од најбараните овошја во овој период.
Покрај тоа што се ниско калорични, јагодите изобилуваат и со витамин Ц и Б6.
Практикувајте благиот десерт после ручек да го замените со јагоди.

Здрава храна препорачана за во јуни, Zdrava hrana preporacana za vo juni, јагоди, jagodi


Краставици - во својот состав краставиците содржат витамини Ц, А и К, магнезиум и калиум.
Познати се како најдобри чистачи на организмот бидејќи се составени од 96% вода.
Грицкајте свежи краставици неколку пати во текот на денот и бидете свежи како што се тие.

Здрава храна препорачана за во јуни, Zdrava hrana preporacana za vo juni, krastavici, краставици


Цреши - познати се како едни од најдобрите антиоксиданси кои успешно се борат со слободните радикали во организмот, кои пак се предизвикувачи на ракот. Помагаат и против несоницата, а и го штитат срцето од болести. 
Во својот состав најповеќе имаат витамин Ц и растителни влакна.
За да дојдат до израз позитивните последици од црешите, потребно е секојдневно да консумирате барем по една рака свежи цреши.

Здрава храна препорачана за во јуни, Zdrava hrana preporacana za vo juni, цреши, cresi


Сега кога имаме огромен избор на свежо овошје и зеленчук, гледајте да го консумирате сѐ повеќе и повеќе.

Во овие летни, топли денови се препорачува мрсната храна да се замени со лесно сварлива храна, за да нема тегоби и труења, а овие состојки се токму тие кои ви се потребни, за да по природен пат му се спротивставите на жешкото време, тегобите и проблемите со варењето на храната.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7536 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус