Природни лекови

Зеленчукот – извор на здравје!

09 февруари, 08:36

Многу добро е познато дека сите видови на зеленчук се корисни и благопријатно делуваат на здравјето. Некогаш ги внесуваме како додаток во исхраната за подобрување на вкусот, некогаш како состојки за подобрување на имунитетот, а некогаш како состојки кои успешно се справуваат со различните видови на настинки и болести.

Од сите зеленчуци кои секојдневно ги употребуваме во исхраната, според богатиот состав на витамини и минерали, најмногу се издвојуваат доматот, компирот и кромидот. 

Домат – за подобар имунитет

Сега, кога имаме можност доматот да го конзумираме во текот на целата година бидејќи многу добро успева и се одгледува под пластеници и благодарение на неговите енергетски, хранливи и лековити вредности, треба да стане неизоставен дел во исхраната.
Доматот содржи многу малку калории, но затоа пак содржи многу различни хранливи состојки, како витамини Ц, A, Б1, Б2, K и E, манган, хром, бакар, магнезиум, железо и фосфор. Поради неговите антиоксидантни својства претставува одличен диуретик и чистач на организмот.

Компир – за доволно количество на енергија

Најчесто користениот зеленчук насекаде во светот е компирот. Богат е со 22 видови на минерали, помеѓу кои се и калиумот кој им овозможува правилна работа на срцето и мускулите, и железото и магнезиумот, кои на организмот им ја враќаат потрошената енергија. Исто така содржи и витамин Ц и Б кои ги нормализираат симптомите на воспалени црева и другите органи за варење во организмот.
Покрај убедувањето дека компирот дебелее, докажано е дека содржи многу малку калории, дури 85 на 100 гр.
Препорачливо е да се јаде варен или печен бидејќи приготвен на таков начин во голема мера ги зачувува хранливите состојки. 

Кромид – чувар на дишните  патишта

Кромидот кој уште од многу порано е употребуван и како храна и како лек, содржи многу драгоцени материи. Покрај калиумот и хромот, поради кои овој зеленчук има антиканцерогени својства, кромидот содржи и витамини Ц, A, Б1, Б2, E, Х и K.
Доколку дневно се внеси 100 гр. кромид, се обезбедува потребната дневна количина на витамин Ц во организмот.
Претставува одличен диуретик и многу добро влијае на намалувањето на покачениот крвен притисок.
Како одличен лек се покажал и во лечењето на воспаленија, а особено на дишните патишта.
Во текот на зимата и во периодот на настинки, најмногу се употребува приготвен како напиток за искашлување или внесен свеж во салати за подобрување на имунитетот.  

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2650 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус