Природни сокови за здравје и виталност
Природата ни дарува многу плодови кои постојано ни се на дофат, сè што треба да направиме е да издвоиме десетина минути и да подготвиме вкусни сокови кои се вистински витамински бомби.
Изговорите од типот: немам време, овошјето е скапо, немам соковник и ред други, не држат место.
Изберете сезонско овошје, најдете време, а ако немате соковник, сигурно имате миксер, па подгответе чаша здравје за вас и вашето семејство.
Изберете сок по ваш вкус, иситнете го овошјето, а доколку немате соковник, сварете го да омекне, па со миксер направете сок.
Најголемиот антиоксиданс – Сок од боровинки и јагоди
Во соковник ставете 1 чаша боровинки, 1 чаша јагоди, 2 чаши манго (јагодите и мангото иситнете ги на парчиња) и ½ чаша вода.
По желба додадете уште малку вода ако сакате сок со помала густина.
За здрави коски и младешки изглед – Сок од јаболка, круши и цреши
Во соковник ставете 1 јаболко, 2 круши и ½ чаша цреши. По желба додадете и малку вода.
За здрави крвни ќелии и нормална функција на мускулите – Сок од кељ, краставица и јаболко
Во соковник ставете 1 чаша иситнети листови кељ, 1 чаша зелено грозје без семки, 1 краставица, 1 зелено јаболко, ½ чаша вода.
За добар имунитет – Сок од цитрон и киви
Во соковник ставете 1 цитрон, 2 портокали и 3 киви. По желба разредете со малку вода.
Уживајте во вашата чаша здравје и имајте ден полн со свежина и енергија.
Додади коментар