Животен стил, За неа, Убавина

Природни состојки за нега и убавина

23 јануари, 07:48

 

Природните состојки се најдобри пријатели на убавината. Нивното користење ќе ви помогне да ги надминете недостатоците на кожата со кои се соочува секој од нас. Следете ги нашите едноставни совети и заборавете на скапите козметички препарати и третмани.

 

 

  • Убави нокти

Не мора да одите на маникир за вашите нокти да бидат убави и бели. Сè што ви е потребно е четка и паста за заби (најдобро е пастата да содржи состојки за избелување). Истријте ги ноктите со пастата и резултатот ќе ве воодушеви! Истиот ефект се постигнува ако ги натопите ноктите во сок од лимон. Чувајте ги 5 – 10 минути, истријте ги и исплакнете ги.

  • Темни кругови под очите

Компирот може да направи чудо за вашите очи. Исечете го на танки кругови кои ќе ги ставите на очните капаци. Оставете компирот да дејствува 15 – 20 минути, исплакнете го лицето и ставете крем. Повторете неколку пати неделно.

  • Кожа без акни

Зрелите јагоди се вистински лек за акните. Згмечете неколку јагоди и нанесете ги на деловите од телото каде имате акни. Оставете да дејствува неколку минути, па исплакнете. 

  • За кожа без брчки

Наместо скапите кремови, обидете се со бело грозје без семки. Зрното поделете го на половина, па нежно здробете го на лицето и вратот. Оставете да дејствува 20 минути, исплакнете со вода и избришете ја кожата. Секојдневната употреба на овој природен борец против брчки ќе даде видливи резултати.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4987 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус