Убава наша, Разгледници
Природни убавини на нашата земја
Нашата татковина изобилува со бројни природни убавини.
Во многу делови од Македонија природата не ја штедела својата дарежливост, исцртала единствени и уникатни пејзажи, подигнала грандиозни планини, оформила длабоки и чисти реки и езера, им дала живост на многубројните водопади, пештери, извори, полиња, долини, клисури ...
Историските случувања наназад низ минатото дополнително ја збогатиле нашата татковина, оставајќи ѝ богато културно и духовно наследство.
Македонија е земја со богата и долга традиција и историја.
Надалеку е позната и прочуена по своите природни убавини и реткости и поради тоа е посетувана од туристи од скоро целиот свет.
Доколку сакате да ја почувствувате свежината на утрото, да го поминете денот исполнет со најразлични мириси од природата, да заспиете под ведро небо и во тивка ноќ, или само да го почувствувате духот на историјата, посетете ги овие неколку од многуте природни убавини со кои изобилува нашата земја и оставете да ве водат вашите сетила низ уживањето.
Уживајте во разгледниците од нашата земја.
Преспа
Шара
Охридското Езеро
Радика
Бистра
Колешински водопад
Козјак
Матка
Пештера Врело
Мариово
Пештера Пешна
Додади коментар