Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Како да ги привлечете Лавовите во хороскоп

25 јули, 07:08

Овој период е посветен на хороскопскиот знак Лав.

Лицата со овој знак се темпераментни, горди и тешко е да ги запознаете.

Лавовите се навистина чудесни знаци кои имаат свои желби и потреби, а некои нешта кои ги правите може навистина да ги привлечат и да ви помогнат полесно да ги заведете.

 

Покажете восхитување
Од сите хороскопски знаци, восхитувањето најмногу им значи токму на Лавовите. Тие сакаат да почувствуваат дека им се восхитувате и сакаат многу внимание. Доколку сакате да привлечете некој Лав, покажете восхит за неговата личност!

Бидете брзи
Во принцип Лавовите се знаци кои не сакаат долго да бидат сами. Бидете брзи и не двоумете се да започнете со флертување. Додека чекате, некој друг може лесно да го привлече вашиот Лав!

Бидете отворени
Лавовите се многу отворени знаци, а истото го очекуваат и од партнерот. Тие не сакаат тајни и драматичност. Едноставно бидете тоа што сте и отворено покажете ја вашата личност пред нив.

Сакаат љубов и емоции
Овие интересни знаци навистина сакаат да им покажете емоции и љубов. Најдобар начин да ја покажете вашата љубов е преку нежно допирање и задевање. Обидете се!

Комплиментите се добредојдени
Иако делуваат силно и гордо, и Лавовите се само луѓе кои понекогаш се несигурни во себе. Дадете им убави комплименти кои ќе им покажат колку се посебни за вас. Тоа навистина ќе им го привлече вниманието.

Немојте да бидете негативни
Лавовите во суштина се ногу позитивни личности и токму затоа сакаат да бидат опкружени со ведри и позитивни луѓе. Доколку сакате да им го привлечете вниманието откријте ја вашата позитивна страна и обидете се да ги надминете сите негативни страни на вашата личност.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1488 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус