Прочуените лондонски црвени говорници полека заминуваат во историјата

02 октомври, 12:56

Црвените телефонски говорници во Лондон се едни од најпрепознатливите обележја на оваа светска метропола.

Речиси и да нема турист кој не го посетил Лондон, а да не направил некоја фотографија во црвените говорници.

Од вчера овие познати говорници ги има и во зелена боја. Станува збор за современи соларни говорници кои ќе служат како полначи за мобилни телефони, таблети, фото апарати и други направи.

Новите т.н. соларни говорници се изум на двајца штотуку дипломирани студенти при Лондонската школа за економија.

Опремени со соларни панели, новите говорници се извор на чиста карбон - неутрална енергија и се дел од проектот на градот Лондон за намалување на штетните емисии на карбон диоксид.    

Во јануари се очекува поставување и на втората ваква говорница, а потоа и останатите црвени лондонски говорници полека ќе се заменуваат со новите соларни.

Соларните говорници ќе бидат достапни за бесплатно користење на сите граѓани и посетители на Лондон.

Прочуените лондонски црвени говорници полека заминуваат во историјата, London, crveni govornici vo london, полнач, мобилни телефони, таблети, фото апарати, емисии на карбон диоксид, solarni paneli, соларни панели, загадување на воздухот

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1690 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус